НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Обезбедувањето на Груевски го замолило новинарот да брише снимки

0
By Нова ТВ on June 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи тврди дека обезбедувањето на поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ само го замолило новинарот од телевизијата ТВ21 да ги избрише снимките. Ова е објаснувањето на МВР за инцидентот откако денеска попладнево писмено се огласија со краток документ наречен „демант“.

„Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од Одделот за обезбедување во текот на вчерашниот ден постапуваа согласно планот и задачите. Заради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува започнал да снима. Без примена на сила тие го замолиле да ги избрише снимките кои ги направил. Според нивниот исказ тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизија како што беше објавено во некои медиуми.

На новинар од ТВ 21 вчера попладнето од обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски му било побарано да ги избрише фотографиите од мобилниот телефон ,на кои бил фотографиран претседателот на владејачката партија, во прошетка низ улица Македонија, јавува ТВ 21.

Новинарот откако го забележал поранешниот премиер дека е во прошетка, се обидел да го сними моментот за објава на интернет-страницата на ТВ 21.

Oбезбедувањето на екс-премиерот влегло во дворот на телевизијата, го зело мобилниот уред и ги избришало фотографиите од мобилниот телефон, потег кој е снимен од страна на ТВ 21.

На новинарот му побарале новинарска легитимација, при што тој уредно ја покажал, соопштува оваа телевизија.

Членот на обезбедувањето на Груевски приложил и легитимација дека е лице вработено во МВР.

ТВ 21 вели дека екс–премиерот е јавно лице, и во интерес на јавноста е да се знае што прави и како се однесува. Оваа ТВ ја повикува неговата партија и министерството за внатрешни работи да се огласат за овој инцидент.

Безбедносните камери на ТВ 21 го забележаа овој настан, односно регистрираа како обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски, без дозвола на ТВ 21 влегува во телевизијата.

Исто така, МВР го кани новинарот да поднесе преставка во Одделот за внатрешна контрола доколку смета дека има законски прекршувања.

Еден пример од работењто на Секторот за внатрешна контрола кога се во прашање преставки на новинари

За време на немирите во Ѓорче Петров пред речиси две години, новинарките Сашка Цветковска од НОВА, Мери Јордановска од ФОКУС и Марија Митевска од Радио Слободна Европа, беа вербално и физички нападнати и им се бришеа насилно снимки од самите припадници на МВР. Тие решија да го послушаат советот на министерството и да го пријават случајот.

На овој линк прочитајте цела реконструкција на тој настан.

ВМРО-ДПМНЕ Груевски полиција примена на сила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.