Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талевски а не Иванов фокус на денешната расправа помеѓу пратениците

0
By Влатко Чаловски on June 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2016 14:42

Расправата која трае веќе четири дена во Собранието пред гласањето за импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов, по предлог на пратениците на СДСМ, а поддржан од пратеничката група на ДУИ и независните пратеници, денеска продолжи со фокус на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

Во меѓусебната расправа помеѓу пратениците, Талевски е цврсто поддржуван од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додека строго критикуван од опозициските пратеници.

Расправата се разжести кога Зоран Илиовски потенцираше најпрво дека за да се покрене одговорност за Иванов, треба правно да бидат прекршени Уставот и законите, а Комисијата оценила дека нема основаност за покренување постапка, а потоа продолжи да зборува за Шарената револуција и за Зоран Заев.

– Продолжувате со непочитување на ниедна институција во државата. Прикажувате дека зад вас стои народот, а тоа што ќе соберетен стотина луѓе и ќе шарате тоа е народ? Тоа е платеничка револуција, рече Илиовски кој во својот говор го бранеше битолскиот градоначалник.

Според Васко Ковачевски, пратеник од редовите на опозицијата пак, кој исто така е битолчанец, рече дека градоначалникот бил криминалец.

– Срам е да се брани Владимир Талевски, криминалец. Срам да ви е што го браните. Како победил во Битола, знаат граѓаните. Ние во Битола знаеме дека тој е гробарот во Битола и ќе заврши каде што заслужува, во затвор, потенцираше Ковачевски.

Ова пак, го налути координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој на Ковачевски му порача дека не му е местото во Собранието бидејќи народот не го сакал.

– Васко, ти ќе кажеш кој ќе иде во затвор. Немој да мислите дека овој народ мирно ќе седи и ќе гледа како правите насилство во државата. Вие кога требало да добиете поддршка од граѓаните во Битола не сте добиле и не треба да сте тука, рече Димовски.

За тоа како течеше дел од расправата, во видеото.

затвор Иванов импичмент Собрание Талевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.