Премиерката на Шкотска, Никола Старџон вели “демократски е неприфатливо“ за Шкотска да излезе од Европската унија и затоа земјата ќе размисли за нов референдум за независност.
– Мора да се разгледува можноста за втор референдум, и таа се разгледува. Ќе започнеме да ја подготвуваме правната рамка за подготвување нов референдум, изјави Старџон.
Изразувајќи разочараност по одлуката на референдумот со кој и официјално се случи Брегзит, Премиерката не пропушти да им потенцира на граѓаните од ЕУ кои живеат во Шкотска, дека тие се добредојдени да останат таму бидејчи се цени нивниот придонес.
Гласовите во Шкотска велат – 62 отсто од граѓаните гласале за да останат во ЕУ.
– Длабоко жалам за исходот од гласањето. Англија и Велс гласаа за отфрлување на ЕУ и тоа е знак за поделеност помеѓу Шкотска и останатите во Обединетото кралство во однос на погледите за светот, изјави Старџон.