НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција постојана мета на напади изминатите месеци

0
By Влатко Чаловски on June 29, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчерашните терористички напади на Ататурк аеродромот во Истанбул е последниот од серија напади кои ја погодија Турција последните неколку месеци. И речиси секогаш целта се избира на места со голем број туристи, кои пак се помеѓу најзначајните придонесувачи во економијата.

Иако засега никој не ја презел одговорноста за нападите на Ататурк, Турците се сомневаат во ИСИС. Воедно претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган потенцираше дека нападите се организирани со цел да се омаловажи неговата земја.

На 7.јуни загинаа 11 луѓе, а 36 беа повредени кога од паркиран автомобил одекна бомба активирана од далеку за време кога полициски автобус минуваше во областа Везнекилер во Истанбул.

Од загинатите, седуммина беа полицајци а четворица цивили. Тогаш Ердоган ги обвини Курдските бунтовници за нападот.

прв напад

На 31.март пак беа убиени седум полицајци, а повредени беа дузина други во Дијарбакир, еден ден пред премиерот Ахмет Давутоглу да го посети местото.

На 13.март годинава, во бомбашките напади во Анкара, најмалку 37 луѓе загинаа а 125 беа повредени, од кои 19 сериозно. Во нападот беше искористено возило натоварено со експлозиви, а цел беа цивили.

Нападот се случи на булеварот Ататурк, близу населено место со многу автобуски станици, згради и коли.

napad2

Војници и цивили загинаа во Анкара и на 17.февруари кога од далеку беше детонирана бомба во возило за време кога автобус полн со војници. Вкупниот број на загинати војници и цивили изнесува 27 луѓе.

Ниту Истанбул не изостана од терористичките цели. На 12.јануари годинава, дузина германски туристи загинаа за време на посетата на историски знаменитости во градот. Турските власти тогашниот напад го квалификуваа како дело на Исламската држава.

На 10.октомври пак, минатата година се случи најсмртоносниот напад во поновата турска историја.

За време на про-курдски собир во Анкара, 102 луѓе загинаа а речиси 250 беа повредени кога пред железничка станица двајца напаѓачи се разнесоа со самоубиствени елеци. И тој напад и се препишува на ИСИС.

напад 2Освен овие терористички напади во текот на минатата година и оваа во Турција е речиси секојдневие да се случуваат помали инциденти со тепачки кои завршувал и трагично.

Но во земја која е под тензија со нејзиното учество во Меѓународната коалиција против терористите на ИСИС, која има внатрешен проблем помеѓу Ердоган и Курдите, репресивниот систем на самиот Реџеп Таип Ердоган, влошените односи со Русија по соборувањето на воените авиони, и во која корупцијата со криумчарењето на бегалци “цвета“, овие напади се неизбежни.

За некои од нив, организации или групации преземаа одговорност, за некои турските власти однапред го вперуваа прстот, додека за други истрагите се уште траат.

 

ИСИС Реџеп Таип Ердоган терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.