Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даравелски на слобода во Белград ја чека одлуката за екстрадиција

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 8, 2016 15:30

Драган Даравелски не е во екстрадициски притвор, изјавија за НОВА од Министерството за правда во Србија. Тој одлуката за екстрадиција ја чека на слобода. Од српското министерство на нашите прашања за текот на случајот Даравелски одговорија:

„Одлучувањето по правните лекови, кои посоченото лице ги вложи, се уште е во тек пред надлежните судови. Кога одлуката на тие органи ќе биде донесена и ќе стане правосилна и доставена до Министерството за правда на Република Србија, ќе биде донесена и конечна одлука за испорачувањето од страна на министерот надлежен за правосудството“, пишува во одговорот од Министерството за правда.

odgovor

За разлика од српското Министерство за правда, во македонското министерство веќе трет дена чекаме на одговор на истите прашања за кои од Белград добивме писмен допис. Не можевме да дознаеме дали се пратени документи од Скопје, какви се барањата на македонските правосудни органи, упатиле ли некаква жалба.

Поранешниот директор на Царинската управа, беше уапсен во Белград на 24 март. Апсењето беше врз основа на меѓународна потерница која е издадена пред повеќе години, новластите во Белград дотогаш не ја реализираа.

Даравелски е осуден дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година. Тој во Србија најде прибежиште од правдата и успеа да земе српско државјанство уште пред да бидат поднесени кривични пријави против него. Во меѓувреме, државата му го заплени неговиот имот во земјава, но тој продолжи да живее лагоден живот во соседна Србија.

dragan-daravelski1-640x400

По заедничка акција на македонската и српската полиција тој во 2004 година беше уапсен, но избегна екстрадиција поради тоа што веќе имаше српски пасош.Српските власти не го уапсија и екстрадираа македонскиот граѓанин, иако  имаа можност да го направат тоа, особено по потпишувањето на меѓусебниот договор за испорачување сопствени државјани потпишан во 2012 година.

Конфискација беше побарана и од Србија, но властите ниту го апсеа, ниту му конфискуваа имот. Се до 24 март годинава. Сепак неговата екстрадиција и натаму е неизвесна. На потег се српските власти. Иако досегашното искуство со екстрадициите покажува дека не секогаш правдата е пресудна. Многу често клучна улога има политиката.

Драган Даравелски екстрадиција Србија Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.