Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) ЕУ: Воведувањето на смртна казна ќе има последици за Анкара

0
By Светлана Јовановска on July 18, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2016 16:51

Европската унија решително ги отфрла најавите на Турција за можно враќање на смртната казна по обидот за воен удар, навестува дека апсењето на 3.000 судии е сосема спротивно на демократијата. Но тешко и е исто така да поверува дека Фејтула Ѓулен, непријател на претседателот Ердоган, е тој што стои за овој пуч како што изјави Ердоган.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ денес се одржуваат редовен месечен состанок на кој Турција се наметна како најважна тема. Утринава првите ЕУ дипломати се сретнаа со нивниот американски колега Џон Кери и покажаа дека околу Турција имаат целосна согласност.

Особено по вестите од Турција дека се спроведува вистинска чистка во судството и најавите за враќање на смртната казна. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека за ова треба да има дебата со парламентот бидејќи воведување смртна казна бара промена на Уставот но “она што го бара народот не може да биде оставено на страна”, рече тој.

Портпаролот на германската влада утринава го пренесе ставот на Германија:

“Германија и ЕУ имаат јасна позиција: ние категорично ја отфрламе смртната казна, воведувањето на смртна казна ќе има последици за Анкара и ќе значи крај на преговорите за членство во ЕУ.”

Сите лидери на ЕУ уште во ноќта помеѓу петокот и саботата го осудија обидот за воен удар но не се согласуваа со начинот на кој турската влада и претседателот Ердоган се справуваат со последиците.

“Ние веднаш го осудивме обидот за воен удар и насилството на еден дел од армијата. Бевме фрапирани пред се од нападот врз Парламентот и тоа мора да се осуди. Но сега мораме да побараме од турските власти да реагираат пропорционално со почитување на правната држава. Во контакт сум со сите колеги а имавме и контакт со турскиот колега од почетокот на овој разбрануван период и се надевам дека ќе имаме вистински дијалог со нив. Апсењето на војниците… јасно е дека ќе има санкции. Но, одлуките за судиите и дебатата за смртна казна… сето тоа се проблеми кои нé загрижуваат. Знаете дека побаравме од Турција да престане со поранешната политика за смртна казна. Ново отворање на оваа дебата сигурно нема да ги подобри односите со ЕУ. И досега во Турција имаше прашања кои не загрижуваа и не треба да се претерува”, изјави белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рендерс.

Смртната казна во Турција беше укината во 2004 година по почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Неговиот луксембуршки колега Жан Аселборн изјави дека «иднината на Турција се одлучува овие денови”:

“Или е демократија и ние тоа го посакуваме. Или е систем кој не одговара на критериумите од Копенхаген и значи не е правна држава. Тука ЕУ може да игра значајна улога за да предупреди. Не да дава лекции; туку да се обиде да ја смири играта за да се врати стабилноста”, рече Алселборн.

ЕУ е сериозно загрижена за новите настани во Турција. Аселборн ја пренесе атмосферата која владее во сите европски престолнини и неверувањето дека движењето на Фејхтула Ѓулен е главниот виновник за обид за воен удар:

“Не се сомневам дека Турција мора да биде демократија. Но имам сомнежи по воениот удар бидејќи неколку часа по воениот удар неколку 3.000 судии се сменети. Тоа е реакција која не е соодветна за една правна држава. Правдата мора да направи анализа на овој воен удар а потоа политички да се размисли зошто тоа се случило. Не верувам дека само движењето на Ѓулен од САД можело да го води овој удар. Значи, прво малку автокритика, смирување и враќање на основите постулати на демократијата”, изајви Аселборн.

Се чини дека турската влада ги слушна овие апели од ЕУ и САД и се обврза дека ќе ја почитува правната држава во казнувањето на пучистите. Турскиот премиер изјави дека тие луѓе ќе платат за секоја капка пролеана крв но во рамките на правото.

 

Аселборн воен удар Германија ЕУ Рендерс Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.