НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ бара да престанат нападите врз медиумите во Турција

0
By Нова ТВ on July 29, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се приклучува кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари (МФН) и Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот на напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција.

Во Турција овие денови, по неуспешниот воен удар, беа уапсени 61 новинар и сопственици на медиуми.

ЗНМ денеска упати писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Н.Е. Умур Шелендир, во кое изразува длабока загриженост за масовното затварање на медиуми и апсење на новинари, кое се случува во Турција, по обидот за воен удар.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани во ова писмо ја повикува турската влада да се воздржи од нови напади на медиуми и новинари.

„Веруваме дека вонредната состојба не треба да се користи како изговор за чистка во медиумите, како и во другите делови на општеството. Цензура на медиумите заради критики насочени кон владината политика е незаконска, дури и во вонредна состојба“, се вели во писмото.

ЗНМ, и сите членки на МФН и ЕФН ги повикуваат турските власти да ги почитуваат меѓународните конвенции за човековите права, социјалните права  и слободата на говорот.

„Ве охрабруваме да ја негувате културата преку која во целост се почитува слобдата на печатот“, се истакнува во писмото.

ЗНМ испраќа и линк на кој се набројани имињата на затворените новинари и сопственици на медиуми.

Истовремено ЗНМ ја повикува македонската јавност да ја потпише петицијата на Амнести Интернешнел во која се бара заштита на слободата и демократијата во Турција.

Над 18.000 лица се уапсени од 15 јули по неуспешниот обид за воен удар, објави Ројтерс повикувајќи се на турското министерство за внатрешни работи во изјава дадена за јавниот ТВ сервис Хабер. Од оваа бројка, 9.677 лица се официјално во затвор и чекаат пресуда.

Во овие лица има новинари, универзитетски професори, членови на армијата или опозицонери кои се сомничат за врски со Фетула Ѓулен за кој власта вели дека е иницијатор на воениот удар.

Истовремено на 50.000 лица им беа одземени пасошите.

 

воен удар медиуми Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.