Претседателот на Франција, Франсоа Оланд предупредува дека ако кандидатот на Републиканците во САД, Доналд Трамп победи на изборите во ноември, тоа ќе ја отвори вратата за конзервативната политика низ светот.
– Ако Трамп победи во ноември, тоа може да има влијание и врз претседателските избори во Франција на пролет 2017. Ако Американците го изберат Трамп, тоа ќе донесе и последици, затоа што американските избори се светски избори, изјави Оланд.
Тој додава дека на луѓето понекогаш им е мачно од испадите на Трамп и неговите изјави.