Војната на зборови помеѓу претседателот на САД, Барак Обама и кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп продолжува.
Откако Обама остро го критикуваше бизнисменот дека не е квалификуван да биде претседател, Трамп вели владеењето на сегашниот американски лидер е “катастрофално“.
– Тој постојано беше слабак, неефективен, рече Трамп во своето интервју за Фокс Њуз.
Според контроверзниот Трамп, Барак Обама можеби е и најлошиот претседател на САД во нејзината историја.
– Верувам дека знам многу повеќе за надворешната политика од Обама. Видете само кога се работи за Украина. Зборува за неа и за тоа колку е тежок пред Русите, кога тие во меѓувреме си го земаа Крим, потенцираше Трамп.