НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Терористите од Германија добивале инструкции од Саудиска Арабија

0
By Нова ТВ on August 6, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Напаѓачите кои во јули изведоа терористички напади во Германија, претходно добивале упатства од припадници на Исламската држава во Саудиска Арабија. Ова го пренесуваат германските медиуми повикувајќи се на Сојузната канцеларија за борба против тероризмот.

Двајцата напаѓачи, 17 годишен бегалец од Авганистан, кој на 18 јули во воз со ноќ и секира тешко повреди повеќе патници во Баварија, а потоа настрада во судир со полицијата и 27 годишен бомбаш самоубиец, мигрант од Сирија, кој активираше експлозив непосредно пред концерт исто така во Баварија, претходно преку интернет добиле инструкции од Саудиска Арабија.

На напаѓачот од возот, засега непознато лице, му дало иснтрукции со автомобил да се залета во масата луѓе, на што тој одговорил дека не знае да вози. Тој подоцна сам одлучил нападот да го изведе со нож и секира врз патниците од локалниот воз.

Исто така, 27 годишниот Сириец една недела пред нападот, исто така преку интернет добил налог како да го изведе нападот меѓу публиката на отворен концерт.

 

Како што наведува „Шпигел онлајн“, напаѓачот требал да остави експлозив во публиката, а тој сам, во пропагандна цел на Исламската држава, имал задача да го сними целиот напад.

 

Според тие сознанија, очигледно е дека бомбата во ранецот на напаѓачот случајно се активирала, иако официјално истрагата за овој напад и натаму е во тек, пренесуваат германските медиуми.

 

Саудиска Арабија на германските органи им понуди помош во пронаоѓање на лицата од оваа земја кои на терористите им праќале инструкции.
„Ќе направиме се што е потребно за да се расветли позадината на овој случај“, порача владата на Саудиска Арабија на германските власти.

Германија Исламска држава напад тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.