Невремето во Скопје остави пустош зад себе, а последиците се уште се санираат. Засега нема официјални информации за жртви, но има огромна материјална штета. Најпогодени беа жителите од скопското село Стајковци, како и жителите на Сингелиќ, Лисиче, Автокоманда.
Граѓани од повеќе делови на градот беа заглавени во нивните возила и панично јавуваа дека водата им навлегува во автомобилите, па на терен беа испратени специјалците на МВР за да ги извлечат.
Во куќите во Стајковци имаше и по два метри вода, а ноќта беа испратени и шест тима на единицата Волци од АРМ. Беа заглавени и стотици возила, бидејќи од силниот дожд имаше многу одрони на улиците.
Отпрвин ситуацијата не беше сфатена сериозно, но дождот траеше со часови, па така и проблемите се зголемуваа. На социјалните мрежи се споделуваа видеа од поплавени улици, куќи, одрони, поплавени институции, ГТЦ како водопад, заглавени автомобили.
Делови од Скопје и околината со часови беа без струја, а и утрово на местата каде што не се отстранети дефектите, граѓаните се без електрична енергија повеќе од 10, 12 часа.
Граѓаните на твитер објавуваа критични места и споделуваа апели за помош. Беше направена и мапа за проодни и непроодни места, поплавени надвозници, мостови, за да може граѓаните полесно да се снаоѓаат по улиците и да бидат информирани каде не можат да поминат со возилата.
@Gjavolot Видеото е превземено од ФБ профил. Клинички центар Скопје, најверојатно Хирургија, пред 30 мин. #Поплава pic.twitter.com/ZEJeIsIA1L
— Ѓаволот (@Gjavolot) August 6, 2016
*видеото преземено од социјалните мрежи