Мандатарот на српската влада, Александар Вучиќ на вчерашното претставување на својата програма во Собранието читаше скратено експозе од 260 страни во рок од шест часа, и како што пишуваат српските медиуми, ова е рекорд на еден говор пред Собрание од сите демократски промени наваму.
Своето експозе Вучиќ го започна со презентација на промените кои досега ги донел а потоа се концентрираше на екеономијата и стабилноста на цврстата позиција на Србија во светот.
– Не сум во Параламентот само да ја формирам новата влада туку и да ги зголемеме очекувањата и да одговорам колку можеме да постигнеме заедно. Да ги тестираме нашите можности, да видиме дали сме мала земја или можеме да бидеме големи, дали ќе се напредуваме или ќе потфрлиме, порача во својот говор Вучиќ.
Вучиќ во својот рекорден говор порача и дека нема намера да биде премиер во моментот кога нема да може да ја врши функцијата.
– Немам намера да ја работам оваа работа кога нема да бидам способен и да и помогнам на оваа земја, решивме да ја работиме оваа работа поради одговорноста не поради славата, дополни тој.