Кандидатот на демократите за претседател, Хилари Клинтон, оствари значителна предност во три клучни сојузни држави, додека во Флорида и натаму има предност пред противкандидатот Доналд Трамп, покажа најновата анкета која ја спроведоа Вол Стрит Журнал и НБС Њус.
Клинтон во Колорадо сега има 46 проценти поддршка, додека Трамп има 32 отсто. Тоа е за шест поени повеќе, отколу во анкетата во јули, која го испитуваше пулсот на гласачите пред партиските конвенции.
Хилари Клинтон оствари водство и во Вирџинија, како и во Северна Каролина.
Во Флорида, една од најважните држави, борбата и натаму е тесна. Клинтон има поддршла од 44 отсто од гласачите, додека Трамп го поддржуваат 39 проценти од граѓаните.