Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонка во Перуџа: Беше страшно, мислевме се ќе се урне врз нас

0
By Менче Атанасова Точи on August 24, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 24, 2016 15:10

Најмалку 39 луѓе загинаа во силниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтер кој го погоди централниот дел на Италија. Бројот на жртвите постојано се зголемува, а спасувачките екипи стравуваат дека има многу луѓе под урнатините во градот Аматриче кој е срамнет со земја. Неофицијално,  италијанските медими јавуваат за 65 загинати во земјотресот. Во погодените региони се уште се чувствуваат помали потреси, а 2 600 луѓе од градот Аматриче се евакуирани од спасувачките екипи.

НОВА стапи во контакт со Анета Младеновска Олмати која живее во Перуџа на само 70 километри оддалеченост од епицентарот на земјотресот.

„ Ноќеска околу 3 и 30 часот не разбуди силен земјотрес, тоа беше нешто страшно и она што е карактеристично е што траеше многу долго. Никогаш во мојот живот не сум доживеала толку силен земјотрес, толку многу се почувствува што мебелот и зидовите  во станот се поместуваа, мислевме дека секој момент ќе се урне зградата врз нас.  За помалку од еден час имаше уште еден земјотрес. Среќа во несреќа е што во Перуџа нема жртви и повредени, но околните гратчиња како Аматриче, Акумоли и други мали гратчиња во регионот Умбрија се целосно уништени“, изјави во телефонскиот разговор за НОВА Младеновска Олмати.

Нема информации дали во погодениот регион на Умбрија има македонски граѓани. Во Перуџа има уште две македонски семејства кои Младеновска Олмати ги контактирала и тие се добро. Досега никој од македонската амбасада во Италија не ги контактирал.

„Никој не се јавил од амбасадата, вие сте прва што ме контактиравте“, рече Анета Младеновска Олмати, Македонка која живее и работи во градот Перуџа.

Земјотресот се случи на 140 километри североисточно од Рим. Американскиот Институт УСГС соопшти дека земјотресот го погодил градот Норча во 03:36 минути утринава. Градот Аматриче е потполно уништен, а погодени с е и Акумоли и Пескара дел Тронто. Земјотресот ги вознемири и граѓаните на Рим.

Последниот земјотрес кој се случи во Италија во 2009 та година го погоди градот Аквила беше со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала. Во земјотресот загинаа над 300 луѓе.

 

 

 

земјотрес Италија Македонци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.