НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков не открива дали Јанкулоска-Мијалков ќе добијат бодигарди од МВР

0
By Нова ТВ on August 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР не открива дали со измените во Уредбата за обезбедување, телохранители од МВР повторно ќе имаат екс министерката Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, но попладнево оттаму испратија соопштение за да објаснат зошто се направени измени.

Според образложението на МВР, причината е тоа што изминативе години Македонија се соочувала со бројни сериозни закани по безбедноста и територијалниот суверенитет и интегритет.

D76F053E713C9C42BDD761DBEDAAECBD

МВР ги наведува сите поголеми акции кои беа реализирани како што се: „Планинска бура“, „Диво Насеље“, откривањето и лишувањето од слобода на одговорните за грабежот на Прокредит Банка, операцијата „Пепел“, „Чекан“, случаите „Босфор“, „Дирегент“, „Детонатор“, „Којот“, „Ќелија“ и други.

„Сите кои учествувале во планирањето, организирањето, координирањето и реализирањето на сите овие случаи се под одреден безбедносен ризик што го дефинираат службите. Нам не ни требаат дополнителни ризици и инциденти. Мора да делуваме превентивно и да не дозволиме нешто да се случи, за потоа да водиме истраги и да анализираме каде е направен пропустот.“, пишува во соопштението на МВР.

Како што вчера обелодени НОВА, Владата на седницата на 23 август ја измени „Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат“, во делот на временскиот период за кој што може да добијат обезбедување од Шестата управа на МВР.

uredba.jpg

Досега според оваа Уредба, членови на Владата, Претседателот на Собранието и  други функционери, имаа право на обезбедување најдолго „до една година“ по престанувањето на функцијата. Со најновата измена, која денеска е објавена во Службен весник, поранешни функционери ќе добијат право на лично обезбедување „за времетраење на опасноста“.

Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков поднесоа оставки од функцијата на 12 мај 2015 година и имаа законско право да добијат обезбедување од МВР најмногу една година по престанокот на мандатот. Со законските измени, тие повторно добиваат можност да ги чуваат телохранители од МВР.

Со реакција денеска се јави и СДСМ, обвинувајќи го министерот Митко Чавков, дека од МВР прави агенција за обезбедување поранешни функционери.

 „ Нам и на целата македонска јавност ни е јасно дека по долги години криминално владеење следува период на страв од сопствениот народ. Јасно ни е дека поранешниот премиер Никола Груевски и неговите блиските поранешни функционери се плашат да излезат на улица меѓу луѓе без бодигарди поради гневот на ограбените граѓани. Грев е и перверзија, некој што само за очила за сонце има 60.000 евра, да дозволи осиромашениот народ да му ги плаќа стравовите“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија бараат Чавков да и објасни на јавноста кои се критериуми за оценка на степен на опасност по „физичкиот интегритет“ на Груевски и бившите функционери.

Од МВР не обелоденија кои поранешни функционери ќе имаат телохранители на државна сметка, но акциите кои ги потенцираат како ризични по безбедноста, сите се реализирани во време кога на чело на Министерството беа двоецот Јанкулоска – Мијалков. Потоа екс директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, како и командантот на Алфите Ивица Анчевски-Пуки.

Но, затоа во соопштението од министерството на Чавков наведоа дека „без разлика на кусиот мандат и техничкиот министер г-дин Оливер Спасовски ја користи оваа Уредба и има побарано и добиено двајца полициски службеници и две возила како обезбедување од Министерството за внатрешни работи“.

Гордана Јанкулоска МВР Митко Чавков обезбедување Пуки Сашо Мијалков Шеста управа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.