Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкулоска и Мијалков пак имаат можност да добијат обезбедување од МВР

6
By Нова ТВ on August 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 29, 2016 14:20

Владата на седницата на 23 август ја измени „Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат“, во делот на временскиот период за кој што може да добијат обезбедување од Шестата управа на МВР.

Досега според оваа Уредба, членови на Владата, Претседателот на Собранието и  други функционери, имаа право на обезбедување најдолго „до една година“ по престанувањето на функцијата. Со најновата измена, која денеска е објавена во Службен весник, поранешни функционери ќе добијат право на лично обезбедување „за времетраење на опасноста“.

uredba.jpg

 

Проценката за тоа дали некој поранешен функционер треба да шета со телохранители и колку време ја врши МВР. Според Уредбата, тоа се прави „во случаи кога е оценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет поради преземени определени дејствија во вршењето на нивната функција“.

Според извори на НОВА од безбедносниот сектор, Уредбата се менува за да може министерот за внатрешни работи Митко Чавков, да има одврзани раце да додели обезбедување на екс функционери на кои им завршила оваа законска можност.

„Измената е направена најмногу за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, на кои во мај им истече таа една година кога можеа да имаат обезбедување од МВР. На овој начин, при евентуална смена на власта, ќе имаат право на неограничено обезбедување, за да не може новиот министер за внатрешни работи да им ги одземе телохранителите“, вели за НОВА поранешен функционер во МВР.

Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков поднесоа оставки од функцијата на 12 мај 2015 година и имаа законско право да добијат обезбедување од МВР најмногу една година по престанокот на мандатот. Со законските измени, тие повторно добиваат можност да ги чуваат телохранители од МВР.

business-men-311166_960_720

Министерот Оливер Спасовски, кој беше поставен од СДСМ, лани во декември обелодени дека многу лица добивале незаконско обезбедување од Шестата управа на МВР. Тој поведе и истрага за да испита кој го прекршил законот и колку пари на овој начин незаконски се одлеани од касата на МВР.

„Издадов наредба за подготовка на прецизна интерна регулатива со која конкретно ќе се знае кој ќе се обезбедува врз основа на уредбата, врз основа на безбедносна проценка, колку возила и колку луѓе се потребни за да ги обезбедуваат овие лица, врз основа на кој правен основ е тоа направено и кој ќе користи возило 24 часа на располагање врз основа на постоечката уредба која ја има министерството“, обелодени на прес конференција на 7 декември тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

Тој ги откри и имињата кои со усна наредба имале телохранители, иако немало никаква законска можност за тоа. Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата, Емил Димитриев, како пратеник во Собрание и генерален секретар на ВМРО­ДПМНЕ, Михајло Маневски, поранешен министер за правда, Мартин Протуѓер, советник на премиерот, Гоце Џуклевски од Националниот координативен центар за гранично управување. Исто така вон уредбата и без никаков акт со бодигарди се шетале и Јохан Трчуловски, Амди Бајрам, пратеник во Собранието на РМ, без притоа да има безбедносна проценка за тоа дали треба и во каква форма да има обезбедување или користење на било кои други средства.

Инаку, според членот 6 од Уредбата, МВР ги обезбедува и Претседателот на Македонија по престанување на функцијата и членовите на неговото потесно семејство и премиерот на кого му престанала функцијата.

Gruevski-sredba-ziteli-Bardovci-2

Владата пред неколку години направи законски измени според кои,  Премиерот на кој му завршила функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во единицата за обезбедување лица и објекти во МВР, како и право на користење службено возило и возач и тоа право го остварува во период ист со периодот на времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата што значи дека Груевски согласно овој закон, ова право може да го користи 10 години.

Гордана Јанкулоска МВР Митко Чавков Оливер Спасовски Сашо Мијалков Шеста управа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.