Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олбрајт: Мораме сите да ги отвориме вратите за бегалците

0
By Нова ТВ on September 20, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 20, 2016 18:40

Во обраќање до јавноста, поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт посочува дека потребен е заеднички и глобален одговор на мигрантската криза, бидејќи и самата таа била бегалец пред да застане на чело на една од најзначајните политички функции на САД.

– Дојдов во САД како бегалка кога имав 11 години. Татко ми беше дипломат и силен поддржувач на Чехословачка, и кога Комунистите ја зедоа власта, бевме приморани да бараме азил. Во ноември 1948 година стигнавме во САД. Тоа што станав жителка на САД е најважната работа која некогаш ми се случила во животот. Татко ми велеше кога бевме во Европа за време на Втората светска војна луѓето ќе речеле „Жал ни е за вашите проблеми и се надеваме дека имате се што ви треба: кога заминувате и се враќате дома?“ Но во Амаерика луѓето велат „ Жал ни е за вашите проблеми и се надеваме дека имате се што ви треба: кога ќе станете државјанин?“, вели Олбрајт помеѓу другото.

Според неа, во  Америка има најмногу бегалци за разлика од било која земја бидејќи земјата ја почитувала една од најстарите традиции: да им се пружи помош на најранливите.

Таа ги повикува лидерите во светот да го следат примерот на САД и да ги отворат вратите за луѓето кои ги напуштаат своите домови.

– Бидејќи светот се соочува со најголемата миграција од Втората светска војна наваму, никогаш не било поважно за светските лидери да го следат примерот на Америка и да работат заедно за да направат повеќе за бегалците. За време на администрацијата на претседателот Обама го зголемивме бројот на прифатени бегалци до 85.000 а помеѓу нив и 10.000 Сиријци. Од следната недела, за во следната година, САД се обврзува да биде дом за 110.000 бегалци од целиот свет, дополнува таа.

Олбрајт нагласува дека кога земјите со недоволно ресурси  ги земаат бегалците, тоа креира уште поголема нестабилност низ целиот свет.

– Ако им ја треснеме вратата на бегалците со различна религиска определба, ги погазуваме принципите на плурализам и различност, порачува американската државна секретарка која беше на функција од 1993 до 1997 година.

бегалска криза бегалци Медлин Олбрајт Мигранти САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.