НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андонов: Нема да дозволам МВР да стане партиски штаб на Спасовски

0
By Влатко Чаловски on September 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнителниот-заменик министер во МВР, Оливер Андонов, смета дека министерот Оливер Спасовски самоволно ги направил 11-те измени на раководни функции и направил преседан.

– Техничкиот министер Спасовски на најгруб начин го девалвираше правниот систем и ги погази сите правни принципи врз кои е втемелена работата на министерството. Со еднострано потпишување на решенијата за распоредување на 11 лица вработени во МВР, Спасовски на најдобар начин покажа дека за него не постои Устав и закон туку само негов личен закон. Со измените, Спасовски се стави над законот и го доведе во прашање целокупниот систем на организација и работа во министерстовто во законски рамки, порача Андонов.

Според него, министерот Спасовски ги заобиколил на криминален начин правилата, процедурите и критериумите за распоредување и си дозволил да унапредува за три, четири се до 12 скалила во хиерархиската поставеност на МВР.

Со тоа, вели Андонов, станувала јасна намерата на Спасовски со министерството да раководи противзаконски, непрофесионално и самоволно вршејќи притисоци врз сите оние кои не мислаеле како него.

– Нема да дозволам со сиот мој кредибилитет, МВР да се претвори во партиски штаб…ќе ги искористам сите правни средства за запирање и санкционирање на ова досега невидено самоволие на Спасовски, и ќе придонесам кон враќање на владеењето на правото во МВР како еден од основните столбови на државата. Упатувам порака до сите дека прифаќањето на новите решенија се против законски и повлекува правни консеквенци, изјани Андонов меѓу другото на денешната прес-конференција.

Неговата реакција следува откако претходно Оливер Спасовски информираше дека направил 7 измени во секторите за внатрешни работи и 4 во други одделенија.

Ден по објавувањето на новиот случај „Трезор“, кој го отвори СЈО, тој разреши неколку раководни лица и на нивно место именуваше нови. Небојша Стајковиќ, кој раководеше со Одделот за информатика и телекомуникациии и кој осомничен за финансиски малверзации и злоупотреба на службена должност е заменет со Горан Трајановски.

Досегашниот началник на единицата Алфи пак, Ивица Анчевски е разрешен од страна на министерот и е именуван за дополнителен заменик на новиот началник на оваа единица – Примислав Димовски.

МВР измени Оливер Андонов Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.