НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Шкендија му дише во врат на Вардар

0
By Нова ТВ on October 16, 2016 СПОРТ
фото fkshkupi.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на табелата и бранител на титулата ремизира со Шкупи на Чаир (0:0), вицешампионот го совлада Силекс во Кратово со 3:1. Вардар сега има два бода повеќе од Шкендија пред меѓусебниот дуел во недела во Тетово

 

Предноста од четири бода што Вардар ја имаше во однос на Шкендија пред мечевите од 10 коло во фудбалскиот шампионат на Македонија се преполови по нивното одигрување. Лидерот на табелата ремизира со Шкупи на Чаир (0:0), а тетовскиот клуб го совлада Силекс во Кратово со 3:1, па „црвено-црните“ од Скопје и тренерот Седлоски западнаа во незгодна ситуација.

Велиме незгодна затоа што наредниот викенд Вардар го чека дуел со Шкендија и тоа во Тетово, а составот на Бруно Акраповиќ допрва треба да одигра и натпревар со Шкупи што беше поместен поради настапите во квалификациите за Лигата на Европа во летнниот период.

Ако на Чаир, попладнево, немаше голови, гледачи во Кратово видоа дури четири од кои три во мрежата на домашниот тим. Бесарт Ибраими беше двоен стрелец за Шкендија (49 и 65 минута), третиот за тетовци, прв на средбата, го постигна Жуниор по само 120 секунди игра. Единствениот за Силекс беше дело на Недељковиќ во 75 минута.

Пелистер со 2:0 ја совлада Победа. Бујчевски во 62 минута и Фереира Кардосо во продолжение на мечот беа стрелци за битолчани. Исклучен кај гостите беше Колевски во првото полувреме.

Ренова во Тетово ја совлада Брегалница со 1:0. Одлучувачкиот момент се случи во 75 минута во која погоди Нухи. Десет минути по примениот гол, штипјани останаа со 10 играчи на теренот. Црвен карто доби Ѓорески.

Вчера Работнички со пресврт во второто полувреме и еврогол на Најденов славеше победа над Македонија Ѓорче Петров со 2:1.

Фудбал, Прва лига
10. коло, резултати: Шкупи – Вардар 0:0, Силекс – Шкендија 1:3, Ренова – Брегалница 1:0, Пелистер – Победа 2:0, Работнички – Македонија Ѓорче Петров 2:1.
Табела: Вардар 22, Шкендија 20 (-1 меч), Работнички 16, Пелистер 15, Ренова 15, Шкупи 10 (-1), Силекс 10, Победа 9, Брегалница 7, Македонија Ѓорче Петров 6.
Наредно коло: Шкендија – Вардар, Работнички – Шкупи, Победа – Силекс, Брегалница – Пелистер, Македонија Ѓорче Петров – Ренова. Мечевите се играат на 23 октомври со почеток во 14.30 часот.

Вардар Прва македонска фудбалска лига Силекс фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.