Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Весна Димишкова – судијката која на СЈО им ја отвори портата во УБК

6
By Сашка Цветковска on October 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2016 22:41

Истата судијка дозволила и претрес во предметот „Тврдина“ во станот на Коста Крпач, по што се соочила со суптилни притисоци, дознава НОВАТВ. А сега, Весна Димшовска ја отвори вратата во институцијата на добро чувани тајни на оваа власт.

Малку се оние предмети во кои што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има успех кога станува збор за соработка на судовите во предметите кои тие го водат против високи функционери од власта. Јавноста стекна впечаток дека Основниот суд 1 – Скопје или популарно Кривичниот суд секојпат е голема препрека за СЈО речиси секојпат кога се бара притвор за осомничените, а често им се одземаат надлежностите, им се враќаат предметите на наводно дооформување и слични други техники за кои што самото СЈО, но и експертите од сферата на кривичното право коментираат дека Кривичниот суд претставуван од претседателот Владимир Панчевски се става во заштита на моќниците од случаите кои ги води ова обвинителство.

Одредени именувања на судии во одделот за организиран криминал, составот на Кривичнте совети, како и судиите во претходна постапка (од кои што зависат притворите и судските наредби за претреси) фрлија сомнеж врз начинот на кој Кривичниот суд ја спроведува правдата. Скоро германскиот сервис на македонски јазик „Дојче Веле“ објави дека поседува докази кои потврдуваат дека голем дел судии работеле под притисок во случаите на СЈО, добивале нарачки како да одлучуваат за притворите и претресите, а поголем број судии вклучени во овие предмети директно спроведувале политички нарачки.

Весна Димшовска дала наредба за претрес и во станот на Коста Крпач

Оттука НОВА се запраша – која е судијката на претходна постапка која дозволи влез во УБК – институцијата којашто од независноста ја следат низа контроверзи врзани за злоупотреби и кршења на основните човекови; институцијата којашто речиси 10 години ја водеше еден човек  – првиот братучед на премиерот Никола Груевски, контроверзен колку и самата УБК или Сашо Мијалков – човекот чие име до скоро најголем број граѓани го изговараа со шепот; и најпосле, институцијата во која што повеќе од една деценија не стапнала туѓа нога, ниту оние кои имаа право да се таму –  парламентарната комисија за контрола на службата. Одеднаш, во УБК влезе СЈО, а тоа го овозможила судијата Весна Димишкова дознава НОВАТВ.

Притисоци и закани за Димишкова

Весна Димшовска е и судијката којашто во април годдинава на СЈО им потпишала наредба за претрес во станот на сега покојниот Коста Крпач којшто пред да изврши самоубиство, според СЈО соработувал во случајот „Тврдина“ и имал статус на сведок. По ова, извори за НОВА велат дека судијката по оваа наредба за претрес била распределена од судија во организиран криминал во судија во обичен криминал.

Таа е позната по случајот „Детонатор“ кога добиваше закани од обвинетите, по што покрена и постапки против заканувачите, а во текот на целиот процес беше деноноќно обезбедувана од полиција. На заканувачите им возврати со зборовите  да не и праќаат пораки „дека ќе лета како гулаб, бидејќи ако таа летне, предметот ќе остане во судот и некој ќе продолжи да го суди“.

Според пишувањата на порталот „Сведок“ на долгогодишниот новинар во судството Саше Димевски, Димишкова е судија од декември 2004. Го судела предметот со кокаинот откриен во канти со поликолор за кој беше обвинета Станислава Чочороска Полетан и предметот против Панде Лазаров, екс директор на ЕСМ, за поткуп од кинеска компанија за изградбата на „Козјак“. Не одлучуваше за притворите во „Титаник“ како судија на претходна постапка, пишува „Сведок“.

Ќе го преживее ли претресот во УБК

Ако се има во предвид  историјата на однос на претседателот на судот Владимир Панчевски кон предметите на СЈО, како и претходните искуства со притисоци врз Димшовска, разбирливо е да се постави прашањето дали Димшовска ќе ја преживее оваа одлука за им дзволи претрес на СЈО во институцијата каде што се наоѓаат најдобро чуваните тајни на топ функционери на оваа власт, или, пак, ќе следи нова прераспределба.

Ако судот не е добро настроен кон судиите кои допуштаат претреси и притвори на СЈО, утеха може да претставува фактот дека граѓаните се настроени многу повеќе кон СЈО отколку кон судовите.  Анализата која ја промовираа Институтот за европски политики и Хелсиншкиот комитет оваа година покажува голем пад на довербата на граѓаните во судскиот систем.  Анкетата на ИРИ пак укажуваше на  63 % доверба која испитаниците ја дале за работата на СЈО.

Весна Димшовска Коста Крпач СЈО УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.