Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двете лица кои имаат пристап во системот не се во државата

0
By Нова ТВ on October 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 20, 2016 13:22

Двете лица кои работат во техничкиот дел во УБК во моментот не се во државата. Во УБК не известија дека тие се единствените двајца кои можат да влезат во системот за следење на телемокуникациите. Очекуваме, според она што не известија од УБК дека тие во текот на денот ќе се вратат во државата, по што се надеваме дека што ќе се пристапи кон извршување на наредбата, соопштија на прес конференција двете Специјални јавни обвинителки Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи.

„Се уште не сме влезени во системот.  Од УБК сме известени дека тие две лица ќе се вратат во текот на денот и се надеваме дека тогаш ќе пристапиме кон наредбата. Чудно е што никој во државата нема пристап во овој систем освен овие лица. Податоците кои ги бараме во УБК  се од круцијално значење за да се утврди кои телефонски броеви биле следени. Специјалната јавна обвинителка со тим од  СЈО во моментот е таму и ќе останат се додека не добиеме пристап до системот“, рече обвинителката Ленче Рисовска.

Обвинителката нагласи дека ова е нов систем од март 2015 година, но дека мора да да се провери и делот во употребата на новиот систем, односно дали се настанати злуопотреби и на овој систем, откако стариот систем е уништен.

Ноќеска обвинители од СЈО дежураа на смени. Денеска на прес конференцијата најавија дека по одземање на книгите ќе се врши попис на одземени предмети, ќе следи и одземање на целокупната евиденција.

„Нас не не интересираат податоци за тековни мерки, ниту правиме упад во системот на  држава. Ние  бараме начин да видиме дали има злуопотреби и кои лица се одговорни, бидејќи најголем дел од луѓето кои што работат тука се професионалци.“, рече Ристовска.

Од СЈО нагласија дека во интерес на истрагата подетални податоци не можат да обезбедат, но инсистираат на доследно почитување на законот за класифицирани информации. Ристовка нагласи дека соработката и понатаму оди многу тешко.

„Се убедуваме дали треба да пристапиме кон извршување на наредбите. Загрижени сме каква порака се праќа на граѓаните, како е можно државна институција да не дозволи да биде спроведена судска наредба. Не знаеме ниту во кое својство се присутни таму Чавков и Андоновски. Ние треба да ја спроведеме судската наредба и поради тоа беше направен обид на мирен и културен начин да најдеме механизам на соработка. Ќе останеме и ноќеска и во наредните денови денови таму.“, рече обвинителката Ристовска.

На новинарско прашење дали може да дојде до уништување на системот и изнесување на податоците, обвинителката одговори дека не можат да ги контролираат влезовите на УБК, дека уништувањето на службените информации е кривично дело , но се надеваат дека до такво нешто нема да дојде.

 

 

 

 

 

 

две лица систем УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.