Мауро Икарди го амортизира притисокот во јавноста врз тренерот Франк де Бур и со двата гола против Торино му донесе триумф на Интер во 10. коло во Серија А, а на Холанѓанецот мир во Милано барем за кратко. Аргентинецот погоди во 35 минута и во 88 минута за четврта победа на „нероазурите“ во сезоната. Стрелец за гостите беше репрезентативецот Белоти во 63 минута.
Јувентус не препушти ништо на случајот и со 4:1 ја совлада Сампдорија. Двапати реализира Кјелини (9′ и 87′ по еднаш Манџукиќ (4′) и Пјаниќ (65′) за осма радост на „старата дама“ во шампионатот. Три бода освои и Рома. „Волчицата“ славеше на гости кај Сасуоло со 3:1 со пресврт во второто полувреме и остана во чекор со тимот од Торино на врвот на табелата. Џеко (57′ и 76′) и Најнголан (78′) се погрижија да нема изненадување вечерва, реализацијата на Канаваро во 12 минута е покажа како почесна за „зелено-црните“.
Серија А
Резултати, 10. коло
Јувентус – Сампдорија 4:1
Интер – Торино 2:1
Сасуоло – Рома 1:3
Наполи – Емполи 2:0
Лацио – Калјари 4:1
Пескара – Аталанта 0:1
Киево – Болоња 1:1
Џенова – Милан 3:0
Утре играат: Палермо – Удинезе
Табела: Јувентус 24, Рома 22, Наполи 20, Милан 19, Лацио 18, Аталанта 16, Џенова 15 (-1), Киево 15, Торино 15, Интер 14, Болоња 13, Сасуоло 13, Калјари 13, Фиорентина 12 (-1), Сампдорија 11, Удинезе 10 (-1), Пескара 7, Палермо 6 (-1), Емполи 6, Кротоне 4.