Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев потпиша нов четиригодишен договор и ќе ги предводи „панцерите“ до завршувањето на Европското првенство во 2020 година.
Претходниот договор на Лев му истекуваше во 2018 година, но тој одлучи уште две години подолго да биде на чело на светскиот шампион.
Тој повеќе од деценија е самостално на клупата на Германија, откако две години му беше помошник на Јирген Клинсман.
Лев постепено правеше тим за големи дела, првиот успех со Германците го направи со пласман во финалето на Европското првенство во 2008 година, потоа играше во полуфиналето на светскиот шампионат (2010) и Европа (2012), а врвот го достигна со титулата на Мундијалот во Бразил (2014).
Фудбалската федерација на Германија застана зад Лев и му даде полна поддршка после поразот од Франција 2:0 во полуфиналето на ЕУРО во Франција.