Продажбата на енергетските пијалоци мора да биде регулирана бидејќи тие лесно доаѓаат во рацете на тинејџери а некои во себе содржат голема доза кафеин и алкохол, комбинација штетна за здравјето на луѓето а особено за помладите, побара опозициската партија СДСМ.
Доказ за тоа е фактот што три деца од 11 и 12 години неделава завршија во болница поради пиење енергетски пијалок, рече денес Љупчо Николовски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и подвлече дека тој ја “разгледува одговорноста на сите надлежни за проблемот”.
Надлежна за проблемот е пред се Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која реагираше на веста за труењето на трите деца од енергетски пијалок. АХВ изјави дека пијалокот не содржи алкохол и ги обвини децата дека не го почитувале “означувањето од страна на лицата кои го консумирале. Во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица“, пишува во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Николовски додаде дека веќе алармирал дека во “Македонија се продаваат пијалоци со сооднос на кофеин и алкохол што не е дефиниран во ниеден правилник”.
“Сакам да и порачам на власта на Груевски и на инволвираните во овој скандал – ако им фали само влакна на главата на деца или на кој било граѓанин, ќе сносат сериозна одговорност!”
И оваа тема стана предмет на политички препукувања, во овој случај за тоа која институција е релевантна – дали АХВ или Институтот за јавно здравје.
На претходната изјава на Николовски, во која тој презентираше мислење на Институтот за јавно здравје за енергетските пијалоци, реагираше АХВ кој изјави дека мислењето на овој институт “не е во согласност со Правилникот за начинот на означување на храната». И додава дека единствената струча институција е таа самата а таа не побарала мислење од овој институт.
Овој Институт, како што вели Николовски, “е член на Националниот совет за безбедност на храната, кој пак е управуван од директорот на АХВ” Зоран Поповски. Советот е формиран во 2015 година.
СДСМ прецизираше дека “во најголем дел од државите во регионот и светот, енергетските пијалоци се правно регулирани. Вакви правилници има во Србија, Босна и Херцеговина, САД” и испрати документи кои го потврдуваат ова тврдење.
Американската агенција за храна и лекови уште во 2010 година изјавила дека има докази според кои комбинацијата на алкохол и кофеин е проблем за јавното здравје.
Анализата на НОВА за енергетските пијалоци можете да ја прочитате тука.