НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чесите ги дочекаа своите пет минути: Македонија разбиена во Плзен

0
By Нова ТВ on November 5, 2016 СПОРТ
Фото: sport.cz
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина е Украина, Чешка е Чешка, а Кире Лазаров е Кире Лазаров. И не може сам со уште еден зад себе против сите. Капитенот, со поддршка од Манасков, ја држеше Македонија во триумфот во премиерниот меч во квалификациите за ЕП 2018 во Скопе, но не можеше и попладево во Плзен. Чешка ги дочека своите пет минути и со 35:28 го разби нашиот национален тим во второто коло. Хрстка со 10 гола од 10 удари беше најефикасен на средбата, по шест дадоа Бечвар и Петровски. Лазаров повторно беше прв стрелец во составот на Лино Червар со 9 погодоци, овојпат еден повеќе од Манасков. Затаија голманите Ристовски и Даскаловски кои одбранија вкупно шест удари, по три двајцата.

Она што се стави под тепих под триумфот со Украинците, излезе на површина против Чесите. Резултатот во средата понесе, во втор план падна играта што денеска, сепак, дојде до израз. Ако во најголем дел од воведниот меч Македонија беше во предност, во Плзен не беше ниту еднаш. Се држеше чекор до 3:3 по што бродот почна да се движи по надолна линија. Противничкиот гол беше невидлив десетина минути за македонските ракометари по кои Чесите направија серија од 7:0 и заминаа на 10:3. Првиот нареден го реализира Кире Лазаров од пенал по што беше јасно во кој правец е тргнат натпреварот. До крајот на првите 30 минути се играше гол за гол и на одмор се замина со 18:12.

Фото: macedoniahandball.com.mk
Фото: macedoniahandball.com.mk

Домашната селекција не остави ништо на случајот и по враќање на теренот. Иако Македонија почна поагресивно во одбраната и во еден момент намали на три негатива, сепак, пукнатини беа присутни што Хрстка, Бечвар и Петровски немилосрдно и ги користеа. Чесите набрзина почнаа повторно да таложат залиха што постепено растеше (22:17, 26:19, 28:20). Меѓу стативите како да не беше голманскиот двоец, во нападот отсутни Георгиевски и Прибак и Стоилов. И ако треба и може да се извлечат позитивни моменти во лошиот настап и убедливиот пораз, покрај Кире Лазаров и Дејан Манасков, тоа се Нелоски и Талески кои, барем реализаторски, одиграа во континуитет како и против Украинците.

Квалификациите за Македонија продолжуваат во мај со двомеч против Исланд. Во меѓувреме националниот го очекуваат подготовки и настап на Светското првенство во Франција во јануари во 2017 година.

Чешка – Македонија 35:28 (18:12)

Спортска сала „Локомотива“ во Плзен. Гледачи: 2.000. Судии: Оскар Лопез и Анхел Рамирез од Шпанија.

Чешка: Мрква, Галија, Хрстка 10, Бечвар 6, Јурка 4, Собол /, Јурак /, Котрц 1, Стехлик /, Бабак 2, Линхарт 3, Петровски 6, Здрахала /, Узек 2, Ланда /, Риха /. Селектор: Јан Филип/Даниел Кубеш.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 8 минути.

Македонија: Ристовски (3 одбрани), Даскаловски (3 одбрани), Манасков 8, Стоилов 1, К. Лазаров 9, Митков /, Јоновски /, Талески 4, В. Маркоски /, Н. Маркоски 1, Прибак 1, Георгиевски 1, Ф. Лазаров /, Ојлески /, Кузмановски /, Нелоски 4. Селектор: Лино Червар

Седмерци: 5/7. Исклучувања: 8 минути.

 

Квалификации за ЕП 2018 Македонија ракомет Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.