НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Драго ми е што за нашите листи се отвори дебата

0
By Нова ТВ on November 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За дебата и различност се бориме, убаво е да постои дебата, па и а пратеничките листи на СДСМ, рече денеска на прес конференција Зоран Заев, лидерот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање.

„На нашите листи има и поранешни пратеници и нови пратеници. Нашите листи се авангарда во ова современо живеење, проткаени се со многу независни пратеници. Нашата цел беше да се отвори дебата и еве се отвори дебата за тие листи. Ние ги повикавме сите кои што навремено, порано покасно и дополнително ќе се одважат против режимот и сите се добредојдени да соработуваат со нас“, рече Заев.

Заев на заедничка прес конференција со Стево Пендаровски, носител на листата на избирачката единица 1 рече дека додека Груевски се бори парите од граѓаните да влезат во фамилијата, нивната борба е парите да влезат во џебот на граѓаните.

„Не може Македонија да ја има најбогатата партија во Европа и најсиромашните граѓани на Балканот. Преку мерките за зголемување на социјалната помош, преку правичното оданочување, преку повраток на 15 отсто од данокот за додадена вредност на граѓаните ќе се враќаат парите на многу внимателен и сериозен начин. Преку ваквиот концепт, наша цел е граѓаните да бидат побогати во Македонија, вели лидерот на СДСМ.

Тој додаде дека со овие мерки сакаат да се постигнат две главни цели, побогати граѓани и намалување на социјалните разлики во Македонија.

Пендаровски рече дека не е возможно да имате економски силна држава и граѓани, а да не постои правна држава.

„Имате случај како Македонија во кој не постои правна држава, а постои екстремно богата фамилија и сите останати се сиромашни или екстремно сиромашни. Апсолутен приоритет по победата ќе биде правната држава да биде вратена, да биде функционална, бидејќи Македонија денес не е правна држава, а тоа може да се оствари ако правото биде неселeктивно применувано“, рече Пендаровски.

Тој најави дека сите пари што се украдени од граѓаните ќе им бидат вратени, без оглед дали парите моментално се наоѓаат во Белизе, Јужна Африка или Чешка.

дебата Зоран Заев избори пратенички листи СДСМ Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.