Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победата на Трамп е прекрасна вест за Орбан, Турција го бара Ѓулен

1
By Нова ТВ on November 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 11:22

Доналд Трамп е првиот претседател кој влегува во Белата куќа без политичко, дипломатско или воено искуство, а неговата победа го шокираше светот, претежно поради неговото скромно знаење за надворешната политика, изјавите за миграцијата како и сојузниците на САД.

Премиерката на Велика Британија, Тереса Меј му честиташе, вели ќе градат специјална врска

– Би сакал да му честитам на Доналд Трамп за изборот после тешката борба во кампањата. Британија и САД имаат специјален однос базиран на вредностите како што се слободата, демократијата и претприемништвото. Ние сме и ќе останеме силен партнер за безбедноста, одбраната и трговијата. Очекувам да работиме со новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го поправиме врските и да ги осигураме безбедноста и просперитет на нашите нации во годините што следат, вели Меј во својата изјава.

И Најџел Фараж му ја честиташе победата на Трамп. Лидерот на британската независна партија меѓу другото вели „Ви честитам, водевте храбра кампања“. Фараж, кој е еден од главните заговорници на Брегзит, постојано го поддржуваше Трамп за време на кампањата.

Честитки и од турскиот премиер, кој веднаш се фати за прашањето со Фетула Ѓулен

Премиерот на Труција, Бинали Јилдирим по победата на Трамп потенцира дека „ќе се отвори нова страница“ во американско-турските односи доколку Вашингтон го испорача Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за оганизирање на неуспешниот пуч од 15.јули.

„Се создаде шанса, новиот претседател да ги унапреди односи, имајќи ја в предвид борбата против тероризмот во Турција“, вели Јилдирим.

За Виктор Орбан од Унгарија, победата на Трамп се прекрасни вести, и тоа значело дека демократијата се уште била жива.

„Какви прекрасни вести. Демократијата е се уште жива“, напиша тој на Фејсбук.

Уште во јули, Орбан го соопшти своето мислење дека плановите на Трамп во однос на миграцијата и надворешната политика се од клучно значење за Унгарија.

Доналд Трамп избори САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.