Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Интересот на САД за Македонија ќе се намали дополнително

0
By Нова ТВ on November 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 20:03

Каква ќе биде политиката на САД, сега кога на претседателските избори победи републиканецот Доналд Трамп. По прогласувањето на Трамп дилеми се отворија и во Македонија. дали ќе има големи промени во економската и меѓународната политика? Каква ќе биде политиката на САД кон Македонија?

Поранешниот преговарач за името Никола Димитров, вели дека дури и најдобриот аналитичар во Вашингтон во овие моменти е збунет и нема лесно да се охрабри да предвиди каква ќе биде Америка под лидерството на Трамп.

„Убеден сум дека и најдобриот аналитичар во Вашингтон во овие моменти е збунет и нема лесно да се охрабри да предвиди каква ќе биде Америка под лидерството на Трамп. Прашањето е во која мера и колку брзо избраниот претседател Трамп од една страна, и системот на САД од друга страна, ќе се адаптираат и усогласат. Во однос на надворешната политика, основни насоки ќе бидат протекционизмот и изолационизмот“, вели Димитров.

Според него, ако нема изненадувања, Трамп ќе се бави пред се’ со домашна политика, а глобалниот ангажман на САД ќе се намали, можеби и драстично.

Што се однесува на интересот на САД за Македонија, па и воопшто за Балканот, Димитров смета дека ќе се намали.

„Интересот на идните САД за Македонија, и воопшто за Балканот, што и денес не е голем, ќе се намали дополнително. Секако, многу ќе зависи и од надворешно-политичкиот тим на Доналд Трамп, како и од случувањата и трендовите во Македонија и во регионот. Денешниот исход само дополнително потврдува дека ние во Македонија мора да си ја завршиме работата со сопствени сили. Интересот на САД за стабилен, демократски и просперитетен Балкан, интегриран во ЕУ и во НАТО ќе остане. Но, горивото и напорите по тој пат мора да бидат пред се’ домашни“, објаснува Димитров.

Доналд Трамп избори Никола Димитров претседател САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.