НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Викторија во Гранада: Шпанија со покер голови за Македонија (ВИДЕО)

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија го загуби и четвртиот меч во квалификациите за светското првенство во 2018 година, прв без постигнат гол. Шпанија нè совлада со 4:0 вечерва во Гранада во меч во кој целосно доминираше и имаше контрола во натпреварот што беше очекувано. Велковски во 34 минута постигна автогол, работата ја довршија Витоло во 63 минута, Монреал во 84 минута со својот првенец во репрезентацијата и Адуриз во 85 минута се впиша како највозрасен стрелец во историјата на трикратниот европски шампион и светски од 2010 година.

Да се загуби од „црвената фурија“ со ваков резултат не е срам, што би бил ако доаѓа од селекција од третиот или четвртиот фудбалски ешалон. Националниот тим вечерва одигра колку што му беше дозволено. На „Лос Карменес“, Шпанците не дозволија ништо на случајот, го направија невидлив својот противник и сосема заслужено го впишаа шестиот триумф во исто толку меѓусебни мечеви. Можеби се мачеа до водството, можеби ги фаќаше нервоза, но глава не загубија. Поведоа со автогол, но има шанси и пред и потоа колку сакаат и впечаток е дека погодија и пред таа 34 минута само поради нивната опуштеност во завршницата од нападите. Евидентно беше отсуството на заложба за игра, за надигрување, на цврстина во дуелите, да се направи нешто повеќе за себе, да се отежни работата на фаворитот.

Вреди да се напомене дека првата шанса, сепак, ја имаше Македонија, преку Дарко Велковски, во петтата минута. Стоперот на Вардар се закани со глава, одбрани Де Хеа. Во второто полувреме Алиоски испрати една случајна топка над голот, во 69 минута изблокиран беше ударот на Пандев, одбранет по него на Барди и тоа беше се. Отсуствата во тимот на Лопетеги ниту се почувствуваа ниту се одразија во играта и резултатот. Тие што добија шанса и ја оправдаа во што и немаа тешка задача против ривал каков што беше нашиот националниот тим вечерва. Шпанците едноставно ја сокрија топката, а и во моменти кога ја имаа, македонските фудбалери не врзуваа повеќе од три додавања.

https://www.youtube.com/watch?v=Jiouq293iqs

За односот на силите најдобра илустрација се официјалните статистички показатели од натпреварот. Шпанија имаше 18 обиди од кои 11 удари кон Столе Димитриевски. Пет завршија крај или над голот, шест одеа во негови рамки, четири од нив и во мрежата. Македонија имаше три пол пати помалку обиди, два во рамки на голот и три во гол-аут. Шпанската селекција изведе 11 корнери, нашата три, шпанската селекција имаше 71 отсто посед на топката, нашата 29 отсто, шпанската селекција имаше 753 додавања од кои 707 точно, нашата имаше 205 проигрувања од кои 165 прецизни.

На Македонија ѝ преостанува да бара први бодови во циклусот на 24 март догодина кога му гостува на Лихтенштајн во дербито на дното во групата Г.

Шпанија – Македонија 4:0 (1:0)

Стадион: „Лос Карменес“ во Гранада. Гледачи: 20.000. Главен судија: Роберт Шергенхофер. Асистенти: Максимилијан Колбич и Андреас Хајденрајх (сите од Австрија). Ж. картони: /. Стрелци: Велковски 34 минута (автогол), Витоло 63 минута, Монреал 84 минута, Адуриз 85 минута за Шпанија.

Шпанија: Де Хеа, Монреал, Начо, Бартра, Карвахал, Аллкантара, Бускетс, Коке (Иско 71′), Силва, Витоло (Каљехон 87′), Мората (Адуриз 60′).

Селектор: Хулен Лопетеги.

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Мојсов, Велковски, Алиовски, Ристовски, Спировски (Жута 60′), Барди, Хасани (Ѓорѓев 87′), Пандев, Несторовски (Б. Ибраими 82′).

Селектор: Игор Ангеловски.

Квалификации за СП 2018

Резултати

Група Г

Шпанија – Македонија 4:0

Албанија – Израел 0:3

Лихтенштајн – Италија 0:4

Табела: Шпанија 10, Италија 10, Израел 9, Албанија 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.

Идно коло (24 март 2017 година): Лихтенштајн – Македонија, Италија – Албанија, Шпанија – Израел

квалификации за СП 2018 Македонија фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.