НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено рочиштето за Богоевски, одбраната ќе го анализира вештачењето

0
By Влатко Чаловски on November 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судското рочиште за активистот на Шарената револуција а сега кандидат за пратеник, Павле Богоевски, обвинет за учество во толпа која предизвикала материјална штета врз зградата на Министерството за култура за време на протестите, повторно е одложено.

Судијката го одложи судењето за 21.декември откако обвинителката достави вештачење за штетата, изготвено според датумот, на 5 мај, два и пол месеци пред да биде поднесено обвинението.

Вештачењето беше изненадување за судијката и за одбраната откако минатиот пат судењето се одложи поради тоа што самото Министерство немаше пријавено штета во обвинителниот акт против Богоевски.

Адвокатот од одбраната Сашо Дуковски побара одлагање, потенцирајќи дека треба да го анализираат вештачењето.

– Има еден факт кој што спротивно на минатото рочиште, кога се бараше претставник, сега излезе писмено вештачење за наводната штета. Треба да го анализираме дали е тоа релевантно, дали е направено од овластен орган, дали е нарачано од овластен орган. Видов многу нули таму, ќе анализираме и ќе заземеме став, изјави Дуковски.

Павле Богоевски не даде изјава, образложувајќи дека како кандидат за пратеник би го прекршил Изборниот законик.

Седумина учесници на протестите на Шарената револуција добија кривични пријави поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело, а кои се однесуваат на протестите пред Министерството за култура, кога беше обоена фасадата на објектот за кој Обвинителството вели е објект од културно наследство.

#Шарена револуција Павле Богоевски судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.