НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крикот на болните

0
By Менче Атанасова Точи on November 15, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Верче е девојче со Даунов синдром. И таа како и другите деца се разболува, но и потешко  ја одлежува болеста од останатите деца. Нејзината мајка Анче ми раскажа низ што поминала пред некој ден во струмичката болница кога на полноќ ја однела ќерка и бидејќи имала висока температура, тешко дишење, болки во стомакот. Верче за која пишувавме и порано кога не можеше да добие термин за магнетна резонанца за снимање на ногата која многу ја боли, овој пат со висока температура, кривејќи со ногата стигнала до четвртиот спрат од болницата во детското одделение. Лекарот откога ја прегледал, напишал да се направат анализи на крвта, да се види која е причината за толку висока температура.

Но, според кажувањето на мајката, медицинските сестри наместо да и земат крв на одделение и да ја пратат во лабораторија  им рекле да одат сами во лабораторија која се наоѓа надвор, зад зградата во неосветлен простор. Наводно, тие не можеле да пратат никого да ја однесе крвта.

„Не им се оставаа турските серии, па ми рекоа да се снајдам, ако ја боли ногата да земам количка од чуварите. Одвај се симнавме на студот, во темница, со количка и со 39 температура отидовме да и земат крв во лабораторија“, рече Анче.

Се смрзнало малото девојче, уште повеќе се разболело по шетање горе-доле по студот. На крај резултатите покажале многу високи, дури загрижувачки број на леукоцити. Не знам што се случи понатаму, само знам дека во струмичката болница им рекле дека нема потреба од паника. Но, нехуманиот однос  на медицинскиот персонал кои биле на дежурство таа ноќ ја отсликува реалната состојба во македонските болници.

Тоа се случува кога турските серии станаа опиум за народот, а ги окупираа умовите и на тие што треба да се мобилизирани во вечерните дежурства. Тој момент станал поважен од животот на едно болно дете. Дете со Даунов синдром!  Дури и да не е така, да не гледале серии, однесувањето не е соодветно за персонал во една здравствена установа.

Директорот на болницата после ова сериозно треба да се замисли и да ги засука ракавите. Да види како се однесува персоналот со пациентите. Работат ли со луѓе или со бројки?

Исто се однесува и на другите директори. Некои од нив во меѓувреме, освен што одат да ракоплескаат на партиски митинзи и учествуваат во партиски маркетинг во име на здравството, можат да  се обидат и поинаку да менаџираат, да поработат на односот на медицинскиот персонал со пациентите, како некои од нив ги извршуваат работните обврски.

Но, најчудно од се е зошто пациентите молчат за неправдите што им се случуваат во болниците. Ретки се тие како мајката на Верче што ќе го кренат својот глас. Најчесто, ќе се јават, ќе раскажат се и на крај ќе речат, благодарам што имаше кој да ме сослуша.  Се плашат да излезат јавно, да пријават.

Но,што прават здруженијата на пациенти се прашувам, освен што излегуваат еднаш годишно на прес конференција кога се одбележува денот на некоја болест.  Со ретки исклучоци на едно-две здруженија, останатите молчат и кога нема лекови за пациентите, а не пак да прозборат и да кажат низ што поминуваат низ болничките лавиринти. Забораваат на своите права како пациенти.

Некогаш кога ќе ги видам како некои од претседателите на таквите здруженија се сликаат и се смешкаат заедно со министерот за здравство, со директорите на клиниките, со првата дама во државата, а не им се решени основните права на пациентите, немаат лекови, се прашувам како може тоа да им е поважно од здравјето на тие што ги претставуваат. Дали мислат дека тоа е патот за да се изборат за подобри услови за лекување? Се сликаат и на крајот остануваат извисени, искористени.

Нема критична маса за да се променат работите , болните со своите маки се загрижени за своето здравје и како да дојдат до лекови, тие што ги претставуваат се занесуваат во своите функции. Или пак, во зависност од тоа на која политичка партија се симпатизери така и делуваат. Опозициски настроените укажуваат на проблемите, останатите си молчат или се сликаат со министерот и праќаат порака дека „од денес ќе биде подобро“.

Затоа, не одам на тие нивни годишни прес конференции на кои не кажуваат какви проблеми имаат ако не им ги извлечеш зборовите од уста. Бомбардирани од прашања, во тие моменти признаваат што ги мачи.

Да, не зборуваме за вакви проблеми како случајот со Верче. Тоа, веројатно  мислат дека е нормална и секојдневна работа во нашите болници.  За такви работи воопшто не се зборува. Заборавија ли на Законот за заштита на правата на правата на пациентите, на основното човеково право, правото на достоинствено лекување?

Здруженијата на пациенти се тука да потсетат дека тие постојат за да укажат на проблемите, на секојдневните маки, да укорат, да посочат со прст, да повикаат на одговорност. Која им е функцијата инаку? Да се собираат еднаш годишно и да го слават денот на нивната болест?

Тие се крикот на болните! Гласот на немоќните! Но, и гласот на сите граѓани. Многу тешки болести доаѓаат од загадувањето на воздухот, на почвата, на водата. Доаѓаат од пестицидите, од нивно преголемо и нестручно ставање во растенијата. Тие први треба да излезат во одбрана на здравјето на граѓаните, на децата, на бебињата кои уште од раѓање стануваат пациенти.  На сите кои се потенцијални пациенти!

Само со прстот на чело и гласот како коректор ќе можат да се изборат за своите права. Поинаку, џабе им е што постојат и што будат лажна надеж. Очите на нивните членови, на пациентите се вперени во нив!

 

Верче здруженија пациенти проблеми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.