НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Косово приведени 19 лица кои подготвувале напади и во Македонија

1
By Нова ТВ on November 17, 2016 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовската полиција соопшти дека во соработка со државните органи за безбедност во регионот осуетила и спречила обид за синхронизирани терористички напади на т.н. Исламска држава на Косово, во Македонија и во Албанија. Меѓу одбраните мети бил и фудбалскиот меч меѓу Албанија и Израел во квалификациите за светското првенство во 2018 година што се одигра пред пет дена. Медиумите пишуваат дека интернет комуникацијата на терористите била пресретната од француската разузнавачка служба која веднаш ги известила МОСАД, израелска тајна полиција и со случајот беа запознати албанските безбедносни органи.

582d7435c36188f57b8b4591

Веднаш следуваше реакција и од фудбалската федерација на Албанија која го премести натпреварот од Скадар во Елбасан, град на педесетина километри јужно од Тирана. Нејзиниот портпарол Тритан Кока, во првиот момент, одби да ги каже причините за таквата одлука, а и канцеларијата на државниот обвинител на Албанија остана нема на информациите за терористичките напади што се подготвувале.

Во полициска акција на Косово се лишени од слобода 19 лица и уште шест во Македонија и во Албанија. Според некои медиуми, еден од нив бил државјанин на Република Македонија. Кај нив е пронајдено оружје, експлозив и електронска опрема, пренесува агенцијата АП. Членовите на групата во трите земји биле координирани од двајца Албанци, членови на Исламска држава, кои имале јасни цели кој, кога и каде треба да биде нападнат, наведе косовската полиција.

Дека полициите од регионот спречиле низа терористички напади за време на мечот меѓу Албанија и Израел, пред два дена, потврди и косовскиот претседател Хашим Тачи. Израелските медиуми посочуваат дека мозок на планираниот напад на нивните фудбалски репрезентативци бил Лавдрим Мухаџери, Албанец од Косово познат под воено име Абу Абдла ал Косово, кој во последните неколку години беше активен на боиштата во Сирија и Ирак.

 

Албанија Исламска држава Косово терористички напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.