Ракометарките на ЖРК Вардар поставија неколку клупски рекорди, но и рекорди во севкупната Лига на шампионите (ЛШ) попладнево во Германија. Вардарки го декласираа Лајпциг со 45:22 (полувреме 22:9) што претставува нов најубедлив гостински триумф во елитното натпреварување на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Досегашниот рекорд во оваа статистичка категорија беше во сопственост на романски Олчим В’лчеа кој во сезоната 2012/13 славеше кај бундеслигашот Букстехудер со 15:34.
„Црвено-црните“ се сега ја имаат и втората победа со најголема разлика, воопшто, во ЛШ. Поубедив од нив е тимот на Ференцварош. Унгарскиот состав во шеснаесетфиналето во сезоната 1999/00 го совлада грчки Анагениси со 42:16.
За ЖРК Вардар, победата во „Лајпциг арена“ беше 34 во ЛШ и петта во низа за израмнување на клупскиот рекорд. Воедно е најубедива со која се потиснати досегашните против Крим (47:29) и против Подравка (35:17).