НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џејмс Метис фаворит за „државен секретар на САД“ во кабинетот на Трамп

0
By Нова ТВ on November 20, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, огласувајќи се преку Твитер најави дека пензионираниот генерал на маринците, Џејмс Метис, е во сериозна конкуренција да стане дел од неговиот кабинет и да биде назначен за државен секретар за одбрана.

„Генералот Џејмс „Мед Дог“ Метис, кој е дел од кандидатите за секретар на одбраната, импресионираше денеска. Вистински генерал на генералите“, објави Трамп.

Иако официјалното претставување на Метис на оваа функција се уште не е комплетирано, Трамп бил импресиониран од портфолиото на пензионираниот генерал, а американските медиуми пишуваат дека тој е фаворит за влез во администрацијата на новиот претседател.

Метис над 40 години служеше во мировните сили на САД а водеше мисии во Авганистан и Ирак.

Прекарот „Мед Дог“ (Mad Dog – Лудо куче), го добива откако ги предводеше американските војници во Ирак во 2004 година во една од најкрвавите битки во Фалуџа, а неговото име стана контроверзно во јавноста кога изјави дека е „забавно да се убијат некои луѓе“ во 2005 година.

Помеѓу маринците важи за високо респектирана личност а одликуван е со четири ѕвезди.

Сепак, според американските принципи, за да служи во Пентагон, Метис мора да биде надвор од должност седум години пред да работи во една од најголемите воени институции, но бидејќи Републиканците се мнозинство во Конгресот и по победата на Трамп, ова би претставувало само формална пречка, пишуваат американските медиуми.

Националната безбедност на САД, Трамп досега најави дека ќе ја предводат Мајкл Флин, како национален советник за безбедност, Мајк Помпео како шеф на ЦИА и Џеф Сешнс како јавен обвинител.

Доналд Трамп државен секретар за одбрана на САД САД Твитер Џејмс Метис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.