Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинари го бојкотираа Вучиќ: Тој е непријател на медиумските слободи

0
By Нова ТВ on November 22, 2016 СВЕТ
Фото Твитер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 22, 2016 13:23

Десетина новинари од неколку редакции го напуштија регионалниот новинарски собир во Белград за време на говорот на српскиот премиер Александар Вучиќ во знак на протест против неговиот однос кон новинарите и медиумите.

Новинарите од Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС), КРИК, БИРН, Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора, Маглочистачи од Суботица и уште неколкумина нивни колеги сметаат дека „со неговиот долгогодишен политички ангажман тој се докажал како проверен непријател на медиумските слободи“.

Фото Данас
Фото Данас

Недим Сејдиновиќ, претседател на Здружението на новинарите од Војводина кој токму поради најавата дека Вучиќ ќе ја отвори конференција, го откажа учеството, вели дека тоа го сторил поради фактот што многу негови колеги и членови на Здружението биле изложени на извесно политичко насилство да останат без работа и се понижувани, а некои минувале и низ медиумска тортура во изминатиот период.

– Проверено сите тие притисоци доаѓаат од луѓе блиски до Вучиќ, односно од Кабинетот на премиерот од каде се врши своевиден медиумски менаџмент во земјата, кои се директно спротивни на медимските слободи, вели Сејдиновиќ за Радио Слободна Европа.

Во говорот на собирот Вучиќ рече дека „за Владата на Србија од големо значење е слободата на медиумите и говорот“ и дека “Владата на Србија и тој директно никогаш не вршеле притисок на медиумите и дека сака да ги обесхрабри тие што го прават тоа“.

Тој притоа ја посочи Комисијата која се занимава со расветлување на злосторства против новинарите.

Едно се говори, реалноста е сосема поинаква

Но според новинарите во Србија, ситуацијата на терен е сосема поинаква.

Независното здружение на новинарите на Србија наведува дека од почетокот на оваа година има двојно повеќе напади врз новинари отколку во 2015 година – 57 во 2016, додека во текот на цела 2015 година имало 24.

Според нив, причина за ова е атмосферата во општеството што ја креираат политичарите и учесниците во јавниот живот и одредени медиуми, чија цел е хајка против оние кои се осмелиле критички да пишуваат.

– Секојдневно одредени медиуми, пред се таблоиди, отворено прогласуваат новинари за предавници, за странски платеници и со тоа директно ја загрозуваат ниовната безбедност. Во ова значаен удел има и власта. Одредени претставници на власта со своите изјави, од новинарите прават мета за евентуални напади, вели претседателот ан Здружението Вукашин Обрадовиќ.

tvitersrbija

Податоците што тие ги изнесуваат се дека само од почетокот на вој месец во јавноста со Србија се појавија повеќе закани кон новинари. На 17 ти овој месец уапсено е лице кое преку Фејсбук се заканувало на вработените во телевизијата Н1.

Претходно полицијата сооппшти дека го открила и лицето кое му се заканувало на  главниот уредник на дневниот весник Данас, Дража Петровиќ.

Пораки со закани изминативе месеци добил и Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Се уште неразрешени убиствата на Чурувија, Пантиќ и Вујасиновиќ

Иако според законските решенија во Србија, новинарите се во групата професии кои уживаат поголем степен на заштита, бидејќи за напад на новинар се пропишува казна од две до 8 години затвор, проблем според Обрадовиќ е судската пракса –  казните се благи, а постапките трајат долго, и во повеќето случаи актерот никогаш не се открива.

curuvija

Како примери за тоа во каква атмосфера работата новинарите во Србија, се истакнуваат оној на новнарката Бранкица Станковиќ, автор и уредник на Инсајдер која од 2009 година живее под полициско обезбедување.

Се уште не се разрешени ни убиствата на новинарите Славко Чурувија пред 17 години, Милан Пантиќ пред 15 години ио Дадо Вујасиновиќ убиен пред 22 години.

Александар Вучиќ бојкот медиуми Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.