НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕБОР ја намали прогнозата за раст во Македонија на 1,5 отсто

0
By Нова ТВ on May 13, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја намали проекцијата за раст на македонската економија за годинава на 1,5 отсто од претходното ниво од 1,8 отсто, проектирано во јануари.

Банката, инаку, ги намали проекциите за раст во целиот регион каде што дејствува – Источна Европа и Северна Африка – за речиси цел процентен поен, предвидувајќи просечен раст од 2,2 отсто за годинава.

Банките ширум Европа имаат пари, но се внимателни при кредитирањето по глобалната финансиска криза. Покрај ова, причина за загриженост е и растот на лошите кредити, смета главниот економист на ЕБОР, Ерик Берглоф.

– Ние одблизу ги следиме земјите од Југоисточна Европа. Словенија е дел од оваа приказна, како што се и Украина и Молдавија, но нема многу причини за оптимизам – рече тој вчера на прес конференцијата во Истанбул, каде што Банката имаше редовна пролетна средба.

Покрај ова, во саботата беше објавена и студија на австриската банка, „Раифајзен“, која е наголемо присутна на Балакнот (но, за жал не и во Македонија) , во која се вели дека стапката на лоши кредити во Југоисточна Европа изнесува 17,3 отсто во 2012 гдоина за разлика од процентот од 14,5 отсто во 2011 година, пренесува „Ројтерс“.

Предвидениот економски раст за Македонија за годинава од 1,5 отсто е во рамките на просекот за регионот, кој изнесува 1,4 отсто.

Според предвидениот раст Македонија е некаде на средината на регионот зад Косово, каде што се предвидува раст од 3 отсто, Србија 2,2 отсто и заедно со Албанија каде растот е предвиден исто како и во Македонија на 1,5 отсто.

Прогнозите за 2014 година на ЕБОР се пооптимистички и тие за регионот изнесуваат 2,2 отсто, при што прогнозата за Македонија е 2,6 отсто.

Минатата недела, пак, Европската комисија предвиде раст за македонската економија исто од 1,5 отсто, а во петокот Народната банка излезе со оптимистички проекции за раст на економијата од 2,2 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.