Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџоски: Проблемите во судот да се решаваат надвор од јавноста

0
By Влатко Чаловски on November 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 23, 2016 15:17

По три часа дискусија зад затворени врати, претседателот на Судски совет, Зоран Караџоски, во однос на последните случувања во Основниот суд Скопје 1, во изјава за медиумите ги повика судиите сите проблеми да се решаваат внатре во институциите со цел, како што вели тој, да се заштити угледот на судството.

– Повикуваме на разумно решавање на состојбите внатре во судот и секој што има проблеми, да се обрати до Судскиот совет и сите проблеми да се решаваат институционално. Оној кој што смета дека некому му следува кривична одговорност, без многу давање во јавноста, треба да се обрати до Судскиот совет, изјави Караџоски.

Тој исто така информираше и дека Советот одлучил, кандидатите за претседател во Основниот суд Скопје 1, Врховниот суд, како и судовите во Тетово и Штип, да бидат оценувани вонредно. Тие ќе бидат оценувани за нивната работа во 2015 година па се до распишување на огласот за кандидати за претседатели на судовите, до 7.октомври 2016 година.

– Со измените на Законот за судски совет од 2015 година, оценувањето на судиите се врши на две години. Имајќи предвид дека последните оценувања биле во 2013 и во 2014 година, а сега е крај на 2016 година, ние одлучивме во согласност со законските одредби да направиме вонредно оценување, рече Караџоски.

Вонредното оценување ќе се врши со постапка како за редовно оценување, односно судиите ќе добијат решение на кое ќе имаат право на приговор.

Кандидати за нов претседател на Основниот суд Скопје се актуелниот претседател на судот, Владимир Панчевски, и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ, додека за претседателското место во највисокиот суд во државата неофицијално кандидатури поднеле актуелната претседателка Лидија Неделкова, поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

Основниот суд Скопје 1 е се поактуелен во јавноста изминативе неколку недели, откако претседателот Владимир Панчевски најпрво доби кривична пријава од судијата Иван Џолев , а се огласија и  13 судии кои поднесоа писмо во кое се вели дека претседателот на судот ја злоупотребувал веб-страницата на институцијата.

Работите во овој суд дополнително се заострија по инцидентот со вработените во судот и многубројните инспекции кои „чешлаа“ таму во текот на минатата недела.

 

Владимир Панчевски Караџоски судии Судски совет судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.