Доналд Трамп изрази поддршка за кандидатурата на Лос Анџелес за организација на олимписките игри во 2024 година. Новоизбраниот претседател на САД остварил телефонски контакт со градоначалникот Ерик Грасети пришто тема биле имиграцијата, за инфраструктурата и за Олимпијадата, рече Кони Лањос, секретарка за печат на првиот човек на Л.А. Таа дополни дека Трамп како републиканец и Грасети како демократ „имале продуктивен разговор“.
Градови кандидати за домаќини на Игрите во 2024 година се Лос Анџелес, Париз и Будимпешта. Победникот во трката ќе биде познат во септември догодина на состанок на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Рио де Жанеиро беше организатор на годинашните ОИ, наредните во 2020 година ќе се одржат во Токио.