Баерн го продолжи договорот со Франк Рибери до јуни 2018 година, објави на официјалната страница германскиот првак.
„Шест титули првак на Германија, пет Купа, Лига на шампиони, Клупски светски првак на ФИФА, УЕФА Суперкуп: Најголемите триумфи на Бaерн во последните пет години се тесно поврзани со Френк Рибери“, изјави тренерот на германскиот клуб Карл-Хајнц Румениге.
„Тој е клучен играч и миленик на публикаtа и затоа сме среќни што можеме да го продолжиме договорот со Франк за уште една година“.
На Рибери (33) тоа ќе му биде 11 година во Баерн каде дојде од Олимпик Марсел во 2007 година.
Оттогаш за германскиот клуб одигра 333 натпревари и постигна 108 голови, а асистираше за 164 погодоци.
Рибери изјави дека „се радува на многу убави моменти со навивачите на Баерн и дека сака да има улога во успесите на тимот и во следните година и половина“.