НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО од УБК треба да набави дозвола за употреба на доказите за Тврдина2

0
By Нова ТВ on November 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главната расправа за случајот во јавноста познат како „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство во кое обвинети се седум лица за уништување на службена документација е одложено за 17 јануари, идната година. Првообвинет во овој случај е Горан Грујовски, началник во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Судијката Лидија Петрова, позата од бомбите на опозицијата како „сваровски судијка“ на барање на адвокатите на одбраната, му наложи на СЈО за сите класифицирани докази да побара од УБК дозвола за декласифицирање на доказите за употреба во судска постапка, затоа што во пресудата немало да може да се наведе според кои докази е донесена пресудата.

Адвокатот на обвинетите Никола Додевски во своето образложение рече дека СЈО спротивно на членот 59 став 2 од Законот за класифицирани информации ги набавиле приложените докази и дека треба да бидат одбиени. Тој додаде и дека вака набавените  докази не можат да се употребуваат во судска постапка, затоа што, за тоа треба посебна дозвола од институцијата која ги издала класифицираните документи.

Обвинителката Ленче Ристовска од СЈО, рече дека доказите се прибавени на законски начин и дека според законите и уредбите за класифицирани информации тие можат да се употребуваат во судска постапка од која јавноста ќе биде исклучена.

На рочиштето присуствуваа и пет обвинети од шестчлената комисија која била формирана во УБК, а која била задолжена, според обвинението, за незаконско уништување на 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување.

По судењето, обвинителката Ристовска рече дека денеска биле информирани дека не била закажана главна расправа, туку за подготвително рочиште за главната расправа во кое се дебатирало за тоа дали постојат пречки да се постапува по доказите.

„Ние се обидовме да појасниме не постојат пречки, таквите докази да бидат изведени во понатамошната постапка. Се водевме од досегашната пракса на судот и упативме на тоа дека за судот не е непознато за тоа да постапува по класифицирана документација и дека законот не го забранува тоа, односно го дозволува тоа. Ставот на судот е дека ние треба да побараме дозвола од УБК за да ги употребиме доказите во судска постапка. Се надеваме дека ова ќе биде само кратко одложување и дека ќе го надминеме ова недоразбирање со судот. Со ваквата одлука на судот се доведуваат во прашање сите претходни постапки на судот во кои се постапувало по класифицирани документи. Очекуваме соработка од сите институции“, рече Ристовска.

Адвокатот Никола Додевски рече дека цел ден го изгубиле во судот за да се поправи обична процедурална грешка што ја направило СЈО.

„Не можам да објаснам зошто се направени вакви грешки. Ние баравме да се одбијат доказите кои се незаконски набавени, но судот направи отстапка и им дозволи да ги набават дозволите. Во овој случај, судот ги исправа процедуралните грешки на СЈО“, рече Додевски.

Првообвинетиот Грујовски не сакаше да даде изјава за медиумите.

goran-grujovski

Седумтемина во овој случај се товарат за  фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзана со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, според СЈО, лани биле уништени во нестандардна постапка. Се товарат и за незаконско уништување на документација која, како што информираа во СЈО, била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој Управата за безбедност и контраразузнавање вршела прислушување.

докази класифицирани информации обвинители СЈО Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.