НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџовски смета дека проблемите во судството не се големи

0
By Влатко Чаловски on November 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деветмина од вкупно 13 судии кои неодамна поднесоа претставка против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски денеска се појавија во Републичкиот судски совет каде со членовите и претседателот на Советот, Зоран Караџовски разговараа за проблемот со Панчевски.

Веднаш по состанокот кој траеше над час и половина, Караџовски пред медиумите рече дека средбата поминала конструктивно а на неа разговарале за претставнката како и општо за проблемите во судот.

– Благодарни сме што дојдоа поголемиот број. Тие што не дојдоа биле спречени од објективни причини, не дека не сакале да дојдат. Дискутиравме за повеќе теми, конкретно за известувањето и за состојбите во Основниот суд Скопје 1. Имавме конструктивен дијалог со добра намера од двете страни. Дојдовме од заклучок дека воопшто проблемите не се толку големи, ниту горливи како што се претставени во јавноста, рече Караџовски.

Сп претседателот на Кривичниот суд оствариле одвоена средба, а доколку има потреба ќе биде организирана и заедничка средба меѓу судиите и Панчевски.

Ова како што вели Караџовски, се прави со цел да се зачува угледот на судството, а понатаму оваа тема е во надлежност на Совет за утврдување факти за одговорност на судија.

Тринаесетмината судии од Основниот суд Скопје 1 испратија писмо до Судскиот совет, во кое реагираа и го обвинија Владимир Панчевски дека ја злоупотребувал официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“.

Владимир Панчевски Зоран Караџовски Кривичен суд Основен суд Скопје 1 претставка судии Судски совет судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.