Низ цела Австрија утринава во осум часот се отворени сите избирачки места .Се бира претседател, а 6, 4 милиони граѓани имаат можност ад изберат меѓу Норберт Хофер кандидат на десничарската Слободарска партија и Александар, ван дер Белен, кандидат подржан од партијата на Зелените.
Утринава отворенис е 9551 гласачко место од вкупно 10 292 гласачи, а од 10 часот се отвараат сите гласачки места. Првите резултати од гласањето ќе бидат соопштени некаде околу 17 часот, кога ќе бидат избројано 40 проценти од гласовите.
Ова е трет обид Австријците да изберат претседател на државата, откако поради проблеми со избирачкиот материјал, изборите двапати беа одложени.
Гласачите во Австрија првиот пат излегоа на избори на 24 април, кога избираа меѓу шестмина кандидати.
Притоа најголем број од гласовите освои кандидатот на Слободарската партија (ФПО) Норберт Хофер, а на второ место беше поранешниот лидер на Зелените Александер ван дер Белен.
Двајцата влегоа во вториот круг од изборите, одржан на 22 мај, но исходот е поништен од страна на Уставниот суд врз основа на жалбата од ФПО поради бројни неправилности.
Имено Уставниот суд констатира кршење на изборниот закон затоа што гласачките либчиња кои стигнувале по пошта во одредени општини се изброени пред одредениот рок.
Според законот, гласовите пристигнати по пошта треба да се пребројат ден по изборите, а не како што било на одредени места, уште истата вечер.
Во поништениот втор круг Ван дер Белен тесно го победи Хофер, благодарение на овие гласови.
Како нов датум за претседателските избори беше одреден 2 октовмри, но се појави нова причина за одложување – лепакот на ковертите за испраќање на гласачките ливчиња не лепел како што требало.
Утврдено е врз основа на гласовите кои пристигнале дека коверите лесно се одлепуваат што според важечките закони е причина гласот да се прогласи за неважечки.
Министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка објасни дека се работи за нов облик на коверти кои се лепат од повеќе страни и предложи за претстојното гласање да се користи модел од 2009 година.
На изборите право на глас имаат австриските државјани со наполнети 16 години.
Едно е сигурно дека и доколку утре се избере претседател тој нема да стапи на должност до следната година.
По изборот потребно е да поминат роковите за жалби, пред победникот да положи заклетва и да преземе функцијата.
Инаку Австрија е без претседател веќе половина година откако од должноста поради истек на вториот мандат си замина Хајнц Фишер, на почетокот на јули.