Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атина го отфрли барањето на Анкара за екстрадиција на турските офицери

0
By Нова ТВ on December 5, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 5, 2016 20:23

Грција денес го отфрли барањето на Анкара за екстрадиција на три турски воени лица кои избегаа во Грција по неуспешниот пуч во Турција.

Анкара бараше екстрадиција на трите војни лица кои избегаа во Грција со уште петмина офицери и ги обвини за “обид за уривање на избраната влада на земјата” и “обид за убиство на турскиот претседател”.

Судскиот совет на грчкиот Апелационен суд, задолжен за екстрадиции, ќе ја даде својата одлука за другите петмина турски офицери.

Според грчкото право финалната одлука на екстрадиција му припаѓа на министерот за правда а Турција може да поднесе жалба до грчкиот Врховен суд.

Според извори во судот, денешната одлука е донесена поради тоа што судиите сметале дека животот на тројцата офицери е во опасност доколку тие бидат екстрадирани во Турција како тортура и понижувачки третман. Грчките судии сметале дека доказите на Турција не се доволни за екстрадиција на офицерите.

Кога на 16 јули годинава осуммината турски офицери со хеликоптер стасаа во Грција тие на грчките власти им кажаа дека стравуваат за нивните животи и тврделе дека не се вмешани во пучот.

Нивните барања за азил беа отфрлени во септември на првостепен суд но тие поднесоа жалба на оваа одлука.

Случајот на овие офицери е проблем за Грција која смета на помошта на турскиот сосед во бегалската криза.

Неодамна генералниот секретар на НАТО изјави дека многу турски офицери побарале азил во повеќе европски земји по неуспешниот пуч во Турција.

Грција екстрадиција пуч Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.