Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бекер по прекинот со Ѓоковиќ: Не тренираше многу овие 6 месеци

0
By Нова ТВ on December 7, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 7, 2016 13:42

Новак Ѓоковиќ и Борис Бекер ја прекинаа тригодишната соработка. Србинот ја образложи одлуката за разделба со „исполнување на сите цели“, Германецот се „заблагодари што бил негов тренер“. Веста за разединувањето на актуелната и поранешната тениска ѕвезда беше ударна вчеравечер. Потисна се што беше спортско на глобален план, во втор ред ги фрли и натпреварите од шестото, последно, коло во фудбалската Лига на шампиони.

Медиумите тргнаа по причините за прекинот. Се прават анализи, се влечат паралели, се пишува хронолошки од декември во 2013 кога Бекер влезе во стручниот штаб на Србинот до овој во 2016 година во кој излегува. Во многу од нив се провлекува Пепе Имаз, шпанскиот гуру, кој во последните три-четири месеци беше се поприсутен во јавноста, во боксот на Ѓоковиќ на трибините при настапи на турнирите. Ангажиран беше за враќање на внатрешниот мир, за засилување на менталната сила и неговата се понагласена улога, методи на работа и „љубов и мир“ филозофија, се чини, не беа во дотолку во насока на размислувањата на Германецот.

Ѓоковиќ знаеше што и колку му пречи на Бекер, Бекер, пак, знаеше што и колку му е важно на Ѓоковиќ во врска со работата на Имаз. Германскиот тренер, чија цена на пазарот е енормно зголемена по работата во минатите три години, 25 победи вклучувајќи и шест гренслема, ја отвори душата по неколку прашања за искуството што го имаше со моментно вториот светски рекет. Се размина пријателски, најави дека ќе биде негов најголем навивач во 2017 година и оти верува дека ќе се врати на првото место на АТП листата.

„Уверен сум дека го боли губењето на лидерската позиција од Енди Мареј. Знам дека го болеше и поразот од Вавринка во финалето на Ју-Ес опен. Но, тоа, на некој симпатичен начин, мислам дека и му требаше за да почувствува како е да губи мечеви бидејќи немаше пораз две ипол години. Убеден сум дека ќе се врати на првото место на АТП листата и ќе потврди дека е најдоминантен играч во овој спорт. Ќе бидам најголем негов навивач во 2017 година“, рече Бекер.

Ѓоковиќ мора да се врати на работа во својата „канцеларија“

Бекер зборуваше и за подемите и за падовите и за победите и за поразите. Можеби, вели, „има еден или два што сакате со задоволството да ги „избришете“, што не сакате да ве потсетуваат и да се навраќате на нив“, но авантурата што ја имал со работата со Ѓоковиќ е неверојатно искуство за него. Поотворено се осврна на тренинзите во последните шест месеци на кои српскиот тенисер не работел многу.

„Мислам дека во минатите шест месеци беа голем предизвик на многу нивоа. Рацете ни беа помалку „врзани“ бидејќи не можевме да работиме како што сакавме. Новак не работеше многу на терените за тренинг во минатите шест месеци. Не толку колку што требаше. И самиот свесен за тоа. Успесите како неговиот не доаѓаат со притискање на копче, не се доаѓа до нив со самото појавување на турнири. Потребна е напорна подготовка бидејќи и противниците го прават истото“ коментира Бекер и додава:

„Затоа Ѓоковиќ мора да се врати на тренинзите, во таа негова „канцеларија“, да мине часови во неа о психолошки да се врати таму каде и настана таа негова тениска сила“.

„Немал проблеми во бракот“

Бекер проговори и за шпекулациите во приватниот живот на Ѓоковиќ, за пишувањата за евентуални проблеми во бракот како една од причините за падот на неговата форма. Притоа нагласи, колку што му е познато, дека немал недоразбирања со најблиските, но се осврна и на природата на тенисот што го опиша како „работа што ги одвојува луѓето од семејството“.

„Не знам дека имал какви било проблеми. Барем од она што ми е мене познато. Среќно е оженет и има пресладок син. Професијата на тенисерот, веројатно, е најсебична во спортот бидејќи во неа станува збор токму за вас. Ѓоковиќ секогаш ќе ви каже дека е семеен човек, но сопругата и семејството во овој спорт секогаш се наоѓаат на задното седиште во тоа патешествие. Таа состојба не може да трае вечно. Имав прилика да ја запознам неговата жена. Таа е навистина љубезна и го поддржува својот сопруг. Но, не можат да минат многу време заедно. И мене ми се случуваше тоа пред 20 години. Тоа е природа на овој спорт кога сте звер тенисер“, заклучи Бекер.

 

 

 

Борис Бекер Новак Ѓоковиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.