Карпош Соколи ја забележа третата победи во дебитантскиот настап во АБА лигата. По Будуќност и Цедевита, во Скопје е совладана и Мега Лекс, вицешампион од минатата сезона, со 75:72 што упатува на заклучок дека тренерот Драган Николиќ, полека, успева да го рехабилитира тимот по осумте порази во низа на стартот на сезоната. Но, со трите вредни скалпа, „соколите“ испраќаат и порака дека ќе нема повеќе лесни бодови за гостинските екипи во салата „Борис Трајковски“.

Домашните влегоа во натпреварот како што посакуваа и планираа и првиот период го добија со убедливи 25:12 на што гостите, резултатски, идентично возвратија во наредната и на одмор заминаа со минус еден 1 (38:37). Во третата направија целосен пресврт. Ја решија во своја корист со 17:21 и со плус три (55:58) ги најавија одлучувачката четвртина. Мечот беше израмнет до последната минута (72:72). Драган Лабовиќ погоди за 74:72, а последниот кош на средбата го постигна Мавра од линијата за слободни фрлања.
Централна фигура на натпреварт беше токму Лабовиќ со 28 поени, Вркиќ додаде 22 за победничката екипа, поразените гости од Србија ги предводеше Теиќ со 15 коша.
Карпош Соколи ќе има нова прилика за подобрување на билансот во АБА лигата во наредното коло во кое, исто така, ќе игра на домашен терен против Крка.