Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реал Мадрид „ксметлија“ или кралскиот клуб е милениче на ждрепката

0
By Нова ТВ on December 13, 2016 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 13, 2016 01:06

Реал Мадрид повторно имаше многу среќа во ждрепката за Лига на шампиони, а толку често да се биде миленик на среќата во извлекувањето отвори основи за сомневање во местенка.

Бранителот на титулата, кој во групната фаза заврши на второто место, во осмина финале можеше да игра против Јувентус или Арсенал од појаките соперници, а го доби Наполи.

Тоа беше доволно од Каталонија да тргнат приказни за местење на ждрепката за Лигата на прваците. Навивачите на Барселона го обвинуваат Реал како мадридски клуб кој има сјаен однос со УЕФА и дека заради тоа со години има полесни соперници на пат кон завршницата на натпреварувањето.

И навистина, Реал од 2010 година на речиси секоја ждрепка е „среќлија“. Така, во првата сезона на Мурињо беше извлечен Лион, па Тотенхем, по што испадна од Барселона.

Следната сезона Мадриѓаните играа против ЦСКА и АПОЕЛ на кои им дадоа вкупно 13 голови пред да испаднат во полуфиналето од Баерн.

Манчестер Јунајтед беше најтешкиот ривал на Реал во осмина финале на Лига на шампиони.

Во сезоната 2012/2013 Реал играше против Јунајтед, што до денес  е негова најтеѓка ждрепка во осмина финале, а потоа преку Галатасарај стигна до полуфинале и Борусија.

До првата титула во оваа деценија Реал стигна во 2014 година, а тогаш на патот до полуфинале го имаше Шалке, како и многу послабата Борусија без Левандовски и Геце.

Шалке и следната година беше конкурент на Реал во осмина финалето, а потоа тимот на Анчелоти играше против градскиот ривал Атлетико. Со оглед дека тогаш немаше среќа во четвр финалето, во полуфиналето Реал го извлече Јувентус, најлесниот противник во конкуренција со Барселона и Баерн, но италијанскиот првак помина понатаму.

И минатата сезона во која стигна до 11 европска титула, Реал во полуфиналето имаше среќа бидејќи го извлече Манчестер Сити, дебитант во таа фаза на натпреварувањето, а можеше да биде и Баерн или Атлетико. Претходно, повторно и беше миленик на среќата и играше против Рома и Волфсбург.

За споредба, Барселона во изминатите години во осмина финале против Баерн, Милан и по два пати Арсенал и Сити, а во четвртина финале играше против Шахтар, Милан и по два пати против Париз Сен Жермен и Атлетико Мадрид. Каталонците оваа сезона во осмина финале ќе играат против ПСЖ, па и затоа не е чудно што се бесни на УЕФА.

Сомневањата додатно се појавија и после последните изјави на Сеп Блатер, поранешниот претседател  на ФИФА, кој тврди дека ждрепката на ФИФА не се местела додека тој беше претседател, но дека тоа не може да се тврди и за европските натпревари.

 

Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.