НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два нови романи во „Или- или“

0
By on May 17, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издавачката куќа „Или-или“ ги објави романите „Љубовно писмо со клинести знаци“ на Томаш Змешкал, што претставува прв превод од чешки на македонски јазик, во превод на Маргарета Карајанова, додека „Талкачи“ на Олга Токарчук е роман на најпреведуваната полска прозаистка во последнава декада, на македонски јазик ја преведе Лидија Танушевска.

Книгите се објавени со финансиска поддршка на Европската програма за култура „ЕАЦЕА 2007-2013“ и на Министерството за култура. Илустрациите на кориците и на двете книги се на Марија Смилевска, а дизајнот го изработи бригада.мк.

Книгите во сабота од 10 до 16 часот ќе можат да се купат по промотивна цена во книжарницата „Или-или“, во рамките на традиционалното „Саботно мени“.

Томаш Змешкал ги вчудовиде чешкиот книжевен свет и читателската јавност со дебитантскиот роман „Љубовно писмо со клинести знаци“ (2008), за кој ја доби престижната чешка награда за литература „Јозеф Шкворецки“ во 2009 година, како и наградата на Европската унија за литература за најдобри нови писатели, заедно со уште единаесет автори, во 2011 година. Оттогаш доживеа светска слава и е преведен на многу јазици. Постмодернистичката сага, стилски, но и жанровски разновидна, изобилува со хумор, иако историските околности во кои се случува се многу тажни. Во романот со строго обмислена структура, авторот не се ограничува на историскиот период на живеење на неговите ликови. Неговата фантазија досегнува до древното хетитско и персиско минато, но и далечната иднина. Приказните се нижат, но не по хронолошки редослед, за да се состават на крајот во совршен мозаик. Токму тоа од романот на Змешкал прави ремек-дело на современата европска книжевност.

Романот „Талкачи“ на Олга Токарчук е метафора за современиот човек, кој е во постојано движење. Романот претставува патување низ просторот, континентите и вековите, мешавина од судбини на различни луѓе, информации за необични феномени и научни предавања, кои читателот ги конзумира како во воз чии патници постојано се менуваат и раскажуваат различни приказни. Целта на патникот е да побегне од реалноста, која е хаотична, сурова и гнила, додека современиот човек е талкачот кој го преуредува светот. Ова е личната визија на Олга Токарчук за светот, чиј напредок го уништува духовното, а го овековечува материјалното. „Талкачи“ е добитник на полската награда „Нике“ за 2008 г.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.