Џон Кирби, портпаролот на Стејт департментот на вчерашната редовна прес конференција реагираше на политичката ситуација во Македонија по изборите на 11 декември.
Тој прес конференцијата ја започна со осуда на провокативната реторика од некои политички лидери, кои во своите говори ги напаѓаат амбасадорите акредитирани во Македонија.
„Првин за Македонија. Ние сме загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11 декември и ја осудуваме провокативната реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија. Ние ги повикуваме политичките лидери да ги запрат неоправданите напади, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање веродостојна, стабилна влада посветена на владеењето на правото, одговорноста и основните слободи. САД се подготвени да и помогнат на една таква влада за да се постигне долгорочната цел за евроатланска интеграција, рече Кирби.