НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монтела по освоениот трофеј во Суперкупот: Почнува нова ера на Милан

0
By Нова ТВ on December 24, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Триумфот над Јувентус во италијанскиот Суперкуп за тренерот Винченцо Монтела е почеток на нова ера на Милан. „Росонерите“ во пенал рулетот беа подобри од шампионот на Италија со 4:3 за седми трофеј (толку има и „старата дама“) во натпреварот што по вторпат се одигра во Доха, Катар. Мечот во регуларниот дел заврши без победник (1:1). Џорџи Кјелини погоди за екипата од Торино, Џакомо Бонавентура за миланезите. Во ударите од 11 метри Манџукиќ ја погоди пречката, а Џанлуиџи Донарума го „прочита“ Паоло Дибала за голеа радост на „црвено-црните“ од „Сан Сиро и нивните фанови.

„Голем момент за нас. Момците се горди на себе и стореното. Добар сигнал е за добар старт. Овде би сакал да почнува нова ера на Милан, а овој трофеј е најдобар начин за такво нешто. Јувентус е многу силен клуб што доминира во Серија А во последните неколку години. Затоа сме среќни и задоволни што  победивме еден таков ривал“, изјави легендарниот напаѓач на Рома, Винченцо Монтела под чие водство Милан го освои првиот трофеј по пауза од седум години.

Моментот го препознаа и искористија и фановите на „росонерите“. Се собраа во голем број на аеродромот во Милано рано утрово, околу 05.30 часот, и им приредија дочек на своите миленици.

„Мислам дека се организираа и дојдоа да нè дочекаат за да покажат колку се среќни и колку оваа победа и трофеј им значи. Впрочем со самото облекување на дресот на Милан очекувањата стануваат највисоки“, заклучи тренерот на Милан.

 

Винченцо Монтела Италија Јувентус Милан Суперкуп фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.