Најмалку 6.878 цивили загинале во борбите и нападите во Ирак во текот на 2016 година, соопштија од ОН.
Во соопштението е наведено дека во текот на минатата година ранети се најмалку 12.388 цивили, додавајќи дека овие податоци не ги вклучуваат жртвите меѓу цивилите во западната провинција Анбар во текот на мај, јули, август и септември.
Од ОН додаваат дека овие цифри мора да се сфатат како апсолутен минимум, бидејќи мисијата не била во можност да ги потврди случаите на цивилни жртви во зоната на конфликти, како и на оние кои загинале поради недостиг на вода, храна, лекарства и здравствена нега.